Како најлесно да го упропастите сопственото дете?

Сигурно и самите сте забележале дека децата имаат навика да ви дојдат со онаа позната реченица: „Мене ми е здодевно!“, и дека таа навика им доаѓа на најневозможните места

0
451

СЛОБОДНО ВРЕМЕ: КАКО ДА СЕ УБИЕ ЗДОДЕВНОСТА

ПРВ СЛУЧАЈ:

НА ДЕТЕТО МУ Е ЗДОДЕВНО ВО ПОЛНА ФОРМА

Сигурно и самите сте забележале дека децата имаат навика да ви дојдат со онаа позната реченица: „Мене ми е здодевно!“, и дека таа навика им доаѓа на најневозможните места: кога сте на гости, во чекалниците, пред шалтерите или додека ја гледате омилената серија. Како да реагирате?

Прво и најважно е: никако не смеете да дозволите детето да ве фати неподготвени затоа што би можело да ви се случи онака збунети да и подлегнете на провокацијата и да почнете да го забавувате. Затоа ви предлагаме секогаш да имате спремни коментари како што се:

а) Фати се за уши па играј!

б) Какво дете си ти кога ти е постојано здодевно?

в) Повторно сакаш да бидеш во центар на вниманието!

г) Престани, зарем не гледаш дека имам попаметна работа?!

ѓ) Па јас ли треба да те забавувам?!

е) Како тоа мене не ми е никогаш здодевно?

ж) Е навистина си им здодевен и себеси и на сите со тоа твое плачење!

з) Немој да ми изведуваш бесне глисти!

Секако, ниеден од тие коментари нема да направи на вашето дете да му биде помалку здодевно ниту ќе му го реши проблемот, но тоа нам и не ни е целта, зарем не? Вие не сакате тоа да престане да се досадува, туку да престане вам да ви досадува!

ВТОР СЛУЧАЈ:

НА ДЕТЕТО МУ Е ЗДОДЕВНО, АМА НЕ ПРАВИ ОКОЛУ ТОА ВРЕВА

За разлику од претходната категорија, постојат и деца кои се тивки иако се досадуваат и кои неочекуваат ништо од вас. Но сепак сте вие еден одговорен родител и јасно ви е дека треба нешто да направите. Само — што?

Бидејќи знаеме колку тешко ви паѓа да го гледате тој незаинтересиран израз на лицето на вашето дете и да го слушате неговото патетично воздивнување, најефикасен начин да то отстраните е — тргнете го од вашата близина. Нека се досадува некаде кадешто нема да ви пречи — така барем нема да морате повеќе да го прескокнуватедодека усисувате.

Секако, вистински родител знае дека тоа не е доволно. Мислиме на тоа што ќе се досадува во друга соба. Затоа е пожелно да го поттикнете. Да му влеете малку енергија. Пробајте прво со индиректен метод:

„Каде ти е младоста? Во твои години мене не можеа да ме свртат дома, а види се ти — само лежиш и превртуваш со очите. Те мрзи да живееш“
Ако тоа не ви успее, односно ако детето продолжи да превртува со очите (што најверојатно и ќе се случи), обидете се да го поттикнете малку подиректно, на пример, такашто ќе му предизвикате чувство на вина: „Ма немој — здодевно ти е! Ех, што не ми е мене здодевно барем понекогаш. Ама не може да ми биде кога цел ден морам да чистам, да раскревам по вас, да готвам, да средувам, да поправам… И никој да ме одмени. Никој ни ‘фала’ да ми каже.“
Доколку се случи и после ова да продолжи да превртува со очите, тоа никако нема да значи дека овој метод не бил добар, туку е можеби крајно време да го одвете своето дете на ушно.

ТРЕТ СЛУЧАЈ:

НА ДЕТЕТО МУ Е ЗДОДЕВНО, НО НЕ ПРИЗНАВА
Замислете ваква ситуација: вашето дете седи и не прави ништо! Односно, не прави ништо корисно. Што ќе направите?
Како прво, кога детето ќе се ѕвери во празно, тоа е аларм кој бара брза акција, дури и ако ви тврди дека не се досадува. (Не се оптоварувајте со тврдењатана психолозите дека децата можат само да лежат и да фантазираат. Впрочем, и вие фантазирате па тоа не ве спречува да миете садови, нели?)

Значи потребно е на детето веднаш да му организирате некоја активност за да престане да се досадува. Би можело на пример да учи. Ако веќе научило, уште подобро — нека исчисти со правосмукалка или барем нека ја среди својата соба. Потоа би можело и… впрочем, вие најдобро знаете што се треба да се среди во вашата куќа.
СЛУЧАЈ ЧЕТИРИ:

ДЕТЕ СЕ ЅВЕРИ ВО КОМПЈУТЕР

Јасно е како ден: ако се звери во компјутер, тоа е сигурен знак дека му е здодевно. (Зошто инаку така би си го губело времето?). А ако му е здодевно, тогаш треба да го примените советот број 3!

Оставете ги вие оние кои тврдат дека компјутерот може да има важна функција во развојот на детето. Впрочем, вие не седите и не се зверите во компјутер. Добро, можеби само малку. Понекогаш. Но само кога нешто ви треба. И кога имате некаква работа. Или кога сакате само да се одморите од работата. Ама тоа е нешто сосема друго. Или можеби и не е?

СЛУЧАЈ ПЕТ:

ВАМ ВИ СЕ ЗДОДЕВНИ ОВИЕ СОВЕТИ

Ви здодеа разноразни да ви солат памет како да си го воспитувате детето? Па зошто тогаш седите пред компјутер и читате глупости? Испробајте го советот број 3! Наместо да се досадувате, подобро би било да си ја средите собата!

(извадок од книгата „Како најлесно да го упропастите сопственото дете“, Надежда Миленковиќ)

[better-ads type='banner' banner='999' ]