Трудница одлучила да ги донира органите од нероденото бебе

Оваа мајка е олицетворение на храброст, а нејзината несебична одлука е вистинска реткост.

0
252

Оваа мајка донела несебична одлука која ќе му овозможи живот на нечие бебе. Ројс Јанг, несуден татко кој и самиот морал да најде начин да се утеши самиот себе, напишал на својот Инстаграм профил ода за својата храбра сопруга која иако е бремена и носи бебе за кое докторите им рекле дека нема мозок поради што ќе живее само неколку часа, евентуално, неколку денови, сепак одлучилa носи бременоста до крај и на тој начин да им помогне на оние кои имаат потреба од некој од другите органи на бебето кои добро се развиваат.

„Пред некој ден ја набљудував колку изгледа спокојно додека спиеше. Спокојна во својата болка и во својата храброст. Ја гледав како дреме, го гледав нејзиниот стомак како се мрда знаејќи дека го чувствува секој удар, дека ги чувствува сите труднички симптоми, а никогаш нема да може да ужива со бебето кое го носи. Затоа што тоа нема да живее доволно долго“, напишал Ројс Јанг.

„Ни кажаа дека нашата ќерка нема мозок и дека заради тоа нема да поживее повеќе од неколку часа, евентуално, неколку денови“, напишал тој потсетувајќи се на моментот кога докторот за првпат им ја споменал таа црна дијагноза.

Ја ставил раката на нејзиното рамо, обидувајќи се некако да ја утеши која мојата храбра жена стоички прашала што ќе се случи тогаш со нејзините органи, кога ќе си замине и дали постои шанса нејзините органи да му помогнат на некого ако ја изнесе бременоста до крај.

„О душо, колку е тоа храбро од тебе“, и рече тој, велејќи дека тоа е навистина храбра, но и тешка одлука која таа и не мора да ја донесе. Но таа остана цврста во својата одлука да ја изнесе бременоста до крај и така да им помогне на оние кои ќе имаат потреба од останатите органи кои добро се развиваат“, напишал несудениот татко.

„Отпрвин тоа беше нејзина мисла, мисла која се претвори во наша реалност до која држиме колку и да ни е тешко. Свесни сме за се, толку болно сме свесни за се што сега најмногу размислуваме токму за тој факт дека нашето бебе ќе му подари некому живот и затоа ниту јас, а особено не таа, не сака да се откаже пред крајот.

Влеговме во последните месеци, знаеме што не чека и што и да велат луѓето, ние знаеме дека нашата мала Ева никогаш нема да поживее за да ги дувне свеќичките на својата торта, никогаш нема да научи да оди ниту да ужива во нашите прегратки. Луѓето често ни коментираат: „Да беше барем се поинаку“, и тоа е толку тешко да се сфати. Секако дека сакаме да е се поинаку, но не е и никогаш нема да биде. Ние не сме никакви супер херои, ние сме само реални во ситуација во која не постои друга можност. Знаеме дека никој не би ни забележал ако се одлучевме драстичен чекор, но мојата сопруга едноставно не можеше да се откаже – не само од можноста, макар на кратко да ја запознае нашата ќерка, туку токму заради можноста која ни ја дава модерната медицина, а која нашата трагедија може да ја претвори во нечија среќа. Затоа и обајвцата толку силно се држиме за идејата за донирање на органите, и тоа е сега наша единствена утеха“, напишал и го завршил овој пост со зборовите:

„Мојата драга е толку силна. Таа е толку храбра. Таа е неверојатна и извонредна и жал ми е што тоа дури сега успеав да го појмам до крај. Колку е силна и колку е голема мојата драга, и затоа не сакав сето ова што го чувствувам за неа да остане незабележано. Сакам да му кажам на светот која е и каква е мојата сопруга. Неспоредлива жена која стоички се соочува со сите труднички тегоби, која како и многу други стравува од породувањето, иако мојата жена точно знае дека на крајот од патот не ја чека таа прекрасна награда за сите страдања и болки што ги чувствува. А што не чека после породувањето, тоа не го знаеме ниту самите, освен што знаеме дека се надеваме дека органите од нашата ќерка навистина ќе му помогнат некому“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]