Внимавајте на своите хиперактивни деца, затоа што се склони кон развој на лоши зависности во тинејџерскиот период и тоа три пати повеќе отколку останатите деца.
До тој заклучок дошле стручњаците од Детската болница во Синсинати кои се обиделе да ја доведат во врска детската хиперактивност и склоноста кон лошите животни навики.
Познато е дека денешното друштво не гледа благонаклоно на децата со дијагнозата АДХД или пак дека со неа често се етикетираат малку понемирните деца, па тоа во денешно време вее довело до тоа дијагнозата да се игнорира или луѓето да одмавнуваат со рака сметајќи дека се хиперактивните деца како и сите други деца, само малку понемирни и понепослушни.
А факт е дека всушност тие деца со дијагноза на АДХД навистина страдаат, затоа што со своето однесување најчесто не се вклопуваат во зададените општествени норми, и покрај тоа што најчесто станува збор за деца кои се исклучително интелигентни и креативни. Но, на својот „гласен“ начин.
Токму затоа таквите деца се посклони кон некој вид на бекство од стварноста кога ќе влезат во проблематичните тинејџерски години.
Затоа споменатиот тим собрал повеќе од 2500 деца, во период од 12 до 15 години, а резултатите покажале дека тие во голема мерка се поподложни на развој на зависности од другите деца. Дури три пати повеќе хиперактивни деца во тој период веќе почнале да пијат алкохол и да пушат цигари, во однос на врсниците без таа дијагноза.
Ова стручњаците го објасниле со недостатокот на внимание и ја нагласиле нужноста од порано дијагностицирање на хиперактивноста, за детето да има подобри шанси за „нормален“ живот.
Проблемот е што пореметувањето хиперактивност почнува да се јавува во период од околу седум години кога обично сите деца се се уште слично „непослушни и разиграни, заради што многу од нив подоцна дури и не добиваат дијагноза и со тоа ниту потребната стручна помош. Затоа не би требало да се чудиме на нивните „бекства“ во периодот кога се најранливи, а се уште недоволно зрели. А тогаш обично се јавува таа желба за лошите навики.