Дознала дека е бремена кога почнала да се пораѓа

Осумнаесетгодишната Ема Крофтвилсон дознала дека е бремена во моментот кога почнала да се пораѓа во својот дом, сосема сама.

0
295

Ема Крофтвилсон, осумнаесетгодишна девојка од Нов Зеланд за порталот Stuff изјавила дека денот кога дознала дека е бремена бил најхаотичниот ден и највозбудливиот ден во нејзиниот живот. Таа напишала колумна во која вели дека не знаела дека е бремена се до моментот кога нејзиното бебе не почнало да излегува од неа.

„Мојата прва реакција беше да ја завиткам во крпа…проверив дали дише, а потоа ја пресеков папочната врвца со кујниски ножици“, пишува таа.

Потоа Ема опишува како и напишала порака на својата мајка молејќи ја да не и се лути, а потоа и кажала што се случило. Кога мајка и пристигнала дома, шокираната новопечена баба и помогнала држејќи го бебето додека не пристигнал и нејзиниот татко.

По првичниот шок поради неочекуваниот „гостин“, семејството повикало амбулантно возило кое ги однело новата мајка и бебето на проверка во болница.

Според младата мајка, девојчето кое било родено во февруари минатата година е среќно и здраво како и секогаш.

[better-ads type='banner' banner='999' ]