Доењето и летото

Бебињата уживаат на море. Но сепак, мајките кои се уште дојат секогаш имаат некакви дилеми па така и во врска со доењето во лето.

0
541

Летувањето и доењето совршено одат заедно. Одите на плажа, а не мора да носите шишенца, чаеви, млеко…Не мора да се враќате дома за да подготвувате оброк, не мора да се грижите дали нешто во шишенцето ќе се расипе, дали ќе биде претопло или преладно. За вашето бебе во сите можни услови и на сите можни места ја имате веќе подготвена најдобрата храна – секогаш свежа и со идеална температура.

Дали мајката што дои смее да се бања во море? Да, смее.

Морето е ладно а веројатно сте слушнале дела со ладни облози се намалува протокот низ дојките. Но кога ќе излезете од вода, за 5 минути се загревате и протокот е повторно нормален. Ако се грижите дека тоа може да го намали производството на млеко во вашите дојки, можете да престанете да се грижите. Производтсвото ба млекото е условено од количината што ќе ја изеде вашето бебе, а не од надворешпната температура. Нема ниту една состојка во морето која лошо би влијаела на доењето.

Треба ли да се смени градникот после бањањето? Пожелно е.

Мокриот синтетички градник ја задржува влагата околу брадавиците што погодува за развој на габична инфекција која може да се пренесе и подлабоко во дојката и на устата на бебето.

Дали заради жештините на бебињата им е потребна дополнителна течност? Не, ако е бебето и дотогаш исклучиво доено.

На бебињата помлади од 6 месеци не им треба ништо освен мајчино млеко. Тоа на почетокот од подојот е водлесто може целосно да ја изгасне жедта на бебето. Кон крајот на подијувањето, млекото се менува во погусто и похранливо па тоа млеко ја смирува гладта. Важни е притоа мајката да пие довочно течности. За постарите бебиња кои покрај доењето јадат и кашички, потребна е дополнителна течност. Но на своето млеко можете да сметате секогаш, па и кога е жедно и постаро бебе.

Дали е нормално во лето почесто да се дои бебето? Да, нормално е.

Бебињата не бараат дојка само кога се гладни. Во лето е обично жешко па и на бебињата им треба повеќе течност, односно, дојката и како што веќе споменавме, првото воденесто млеко кое ќе им ја задоволи жедта. Но поради промената на средината, бебето може да е и вознемирено, па давајте му да цица секогаш кога ќе посака. Или е жедно или му треба утеха.

Дали мајката смее да употребува креми за сончање и самопотемнување? Смее.

Треба да се биде многу внимателен да не изгорат брадавиците и ареолата околу нив. Со оглед на тоа што кремите не се апсорбираат во крвотокот, па така ниту во млекото, нема опасност од нив. Секако, треба да се внимава при нанесувањето и да се избегнува подрачјето околу брадавицата за бебето да не изеде од кремата додека цица или да се измие ова подрачје пред да му се даде на бебето да цица. За време на доењето треба да се избегнува земање на бета каротен како средство за забрзување на потемнувањето.

Смее ли мајката да се бања во хлориран базен? Смее.

Во базенот има хлор во многу мали количини. Ако не ви се допаѓа помислата дека бебето ќе го доуте со дојка на која има хлорирана вода, исплакнете ја со обична вода.

Дали смее мајката интензивно да плива? Смее.

Пливањето е извонредна вежба со која можете да согорите калории, да ја подобрите циркулацијата, да го намалите стресот… уживајте во пливањето! Воопшто за вежбањето важи правилото да го подоите бебето пред да почнете да вежбате затоа што млекото потоа може да биде малку соленкасто па може да не му се допадне иако не е ниту најмалку штетно за него.

Смее ли да се нурка? Смее.

Ако сакате да нуркате со боци за кислород, пијте доволно течност. Дехидрацијата е е еден од главните фактори кај декомпресијата. По ниркањето во млекото се озлачува мала количина кислород но заради тоа не треба да се грижите.

Доење на плажа?

Зависи од вас.

[better-ads type='banner' banner='999' ]