Додека ги раѓала близнаците, ја пеела „Твинкл, твинкл…“

Иако ги родила близнаците со царски рез, а првиот син, Маркијан, природно, Ребека на сите идни мајки како подобра варијанта, доколку имаат можност за тоа, им препорачува да ги родат децата по природен пат

0
3287

Ребека Јанковска-Ристески ни раскажа дека иако првото дете, Маркијан го родила по природен пат, за второто породување, со близнаците, по инсистирање на сопругот, се породила со царски рез.

„На породувањето, иако беше со царски рез, бев многу среќна. Знаев дека ќе родам близнаци и дека се здрави. Бев свесна, но не чувствував никакви болки и воопшто не размислував за тоа дека ме сечат, мислев само на децата и си ја пеев „Твинкл, твинкл литл стар…“

Ме породи доктор Горан Кочовски во Државна болница и ми рече дека иако толку години работи како гинеколог, никогаш дотогаш не му се случило некоја жена да му пее на породување. Како доказ за ова имаме и снимка, затоа што мојот сопруг го снимаше породувањето“, се смее Ребека.

Таа им порачува на идните мајки дека, и покрај болките, породувањето е прекрасно доживување и дека, ако имаат можност, треба да се одлучат на природно породување затоа што колку и да е полесно со царски рез во моментот, потоа е се многу потешко.

[better-ads type='banner' banner='999' ]