Децата кои растат со книги заработуваат повеќе кога ќе пораснат

Резултатите покажуваат дека една дополнителна година во учењето, во просек, може да ја зголеми заработувачката во возрасниот живот, за 9%

0
566

Децата кои растеле опкружени со книги имаат поголеми шанси да се збогатат кога ќе пораснат отколку децата кои растеле без или само со неколку книги, покажало истражување на еден економист од Универзитетот во Падова.

Со истражувањето биле опфатени речиси 6.000 мажи во девет европски земји во периодот од 1920 до 1956 година.

Истражувачите ги интересирало дали децата растеле со помалку од десет книги, со еден рафт книги, со една полица до сто книги, со две или повеќе од две полици со книги.

Резултатите покажале дека една дополнителна година учење може, во просек да ја зголеми заработувачката во возрасниот живот за 9%. Меѓутоа, има големи разлики во зависност од тоа дали детето пораснало опкружено со книги или не.

Децата кои растеле во домаќинства кои имале помалку од една полица со книги, со една дополнителна година образование можат да ги зголемат своите приходи за 5%. Тие пак, коишто растеле опкружени со многу книги, со една дополнителна година ги зголемуваат приходите и до 21%.

Дали таткото на детето е физички работник или има фина канцелариска работа, воопшто не влијае на резултатите од истражувањето. Меѓутоа, децата кои се опкружени со повеќе книги имаат поголеми шанси нивната прва работа да биде канцелариска.

Забележано е и дека оние кои растеле опкружени со повеќе книги, за разлика од оние кои растеле со помалку, се повеќе спремни да го напуштат својот дом и да одат во поголеми градови кои им даваат поголеми можности.

Економистите пробувале да ги објаснат овие резултати со бројни теории.

– Можеби книгите ги охрабруваат децата да читаат повеќе, а читањето влијае на нивните способности да учат во школо. Алтернативното објаснување е дека домовите со повеќе книги се показател на подобри општествено-економски услови – велат тие.

Бројот на книгите во домот на детето може јасно да биде предвиден по резултатите од тестовите за когнитивни способности. Ова можеби кажува дека домовите кои го охрабруваат размислувањето и развивањето на друштвени и емоционални способности се од големо значење за економоскиот успех во животот.

Книгите можат да ја поттикнат љубопитноста и амбицијата кај децата, но исто така се и показател на домови во кои на децата им се наметнува учењето или се домови кои од самиот почеток имаат поголеми приходи.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]