Добрите деца знаат математика. Јас сум лошо дете

„Таа ми кажа дека сум глупава и дека паметните деца знаат математика. Никогаш нема да научам математика“, му се пожалила Милица на својот татко низ солзи кога се вратила од училиште со лоша оценка на тестот по математика. Како би реагирале вие?

0
137
Фото: Unsplash

Милица си дојде дома тоа попладне плачејќи. Таткото ѝ ја отвори вратата и го здогледа своето расплакано дете. Ништо не праша, само силно ја прегрна, колку што можеше посилно. Таа продолжи да плаче.

Кога малку се смири, тој ја праша што се случило.

„Добив два плус по математика. Миљана ми се потсмеваше затоа што доби пет минус. Таа ми рече дека сум глупава и дека паметните деца знаат математика. Никогаш нема да научам математика. Миљана ми кажа дека татко ѝ вели дека лошите оценки се срам за семејството. Тој вели дека добрите деца знаат математика. Јас сум лошо дете“.

Таткото на Милица се замисли и малку се намурти. Милица мислеше дека сега сигурно ќе се налути и го спушти погледот. Сакаше да си ја закопа главата во песок како ној.

Таткото ѝ ги покажа нејзините цртежи на фрижидерот. Милица црташе одлично, ѕидовите на училиштето беа исполнети со нејзините цртежи, ги имаше насекаде, добиваше разни награди и сите ја фалеа.

„Како мислиш дека не си добра? Види што можеш да направиш?“

„Но, тоа е ликовно, тоа е глупаво… Мора да бидеш паметен за математика, но не и за ликовно“.

Таткото повторно се намурти, така што неговите веѓи се споија.

На Милица ѝ постави чудно прашање:

„Кој е подобар – птицата или рибата?

Милица воопшто не разбираше каква врска има тоа сега, но ѝ беше пријатно да зборува за нешто што не е математика, ниту Миљана, ниту училиште, ниту пак самата таа…

„Како мислиш – кој е подобар? Како – кој е побрз, или поголем, или…“

„Како било… Размисли за тоа“.

„Не знам, птиците можат да летаат високо, некои брзо, некои побавно, убави се, некои се многу шарени, но има и еднобојни, на пример белиот гулаб. Може да носи писма. А рибите… рибите можат да го видат само дното на морето. Да пливаат, да одат во длабоко… И тие се шарени, имаат пераи… Велат дека некоја златна рипка може да исполни три желби. Не знам. И едните и другите се добри и интересни. Тие се различни“.

„Да, различни како математика и ликовно, како Миљана и ти, како соседот Перо и јас“. И сите сме доволно добри. Но, знаеш што е исто така важно? Да се ​​обидеме да бидеме уште подобри“.

Таткото ја прегрна Милица и ѝ ја бакна косата, а таа мислеше дека иако сите татковци се различни и доволно добри, сепак нејзиниот татко е најдобар на светот.

Текстот е од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]