Дали царскиот рез е добра одлука?

Меѓу другите проблеми кои произлегуваат од раѓањето со царски рез, на листата е и доењето. Имено, доењето на „хируршките“ бебиња бара повеќе напор од доењето на бебињата родени по вагинален пат.

0
904

Раѓањето со царски рез доби на популарност во последните петнаесетина години. Се повеќе идни мајки сакајќи да ги избегнат болките од природното породување, се одлучуваат на породување по хируршки пат.

Иако царскиот рез важи како посигурен, побрз и побезболен начин на раѓање, тоа има свои недостатоци и ризици.

Во споредба со вагиналното породување, породувањето со хируршка интервенција не е лишено од ризици и компликации. Затоа, докторите по правило, освен кога тоа не го бара ситуацијата, препорачуваат природно вагинално породување.

Еве кои се недостатоците на царскиот рез:

Подолго опоравување. Стравот од болки при породувањето често ги доведува трудниците до одлука да се породат со царски рез. Но заради користењето на анестезијата и други лекарства, како и заради самиот хируршки зафат, опоравувањето е подолго во споредба со природното.

Зголемена можност од инфекции, крварење и тромбоза. За разлика од природното породување, царскиот рез ги зголемува шансите од инфекции и надворешни и внатрешни резови. Во некои случаи може да се појави јака инфекција која бара натамошни оперативни зафати и силни антибиотици.

Во многу случаи жените после породувањето со царски рез се жалат на добивање на вишок килограми кои се концентрираат во подрачјето под резот. Исто така, многу жени се жалат на губење на чувството на и околу резот.

Во споредба со бебињата родени по природен пат, бебињата родени со хируршки зафат, заради лековите користени за време на операцијата, не се во целост рецептивни веднаш после раѓањето.

Исто така, доењето на „хируршките“ бебиња бара повеќе напор од доењето на бебињата родени по вагинален пат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]