Ако порано не ги изнесувале бебињата надвор додека не направат 40 дена, денеска е тоа сосема променето па велат дека може да се носат во прошетка веќе после две недели.
Постепено треба да се зголемува должината на престојот на бебето, во зависност од годишното време и климатските услови, советуваат стручњаците. МНогу е битно бебињата и децата да се водат секојдневно во прошетки затоа што престојот на отворено ја подобрува опшатата состојба на детето, расположението, апетитот, сонот… Исто така, се зголемува отпорноста на детето кон инфекции.
Сепак, во зима треба да се биде внимателен и да се почека бебето да наполни еден месец. На почеток треба да се излегува пократко, најдобро околу пладне. Доколку е темпартурата пониска од минус десет степени, кога дува силен ветер, паѓа дожд, снег или има магла, не го водете бебето во прошетка. Истото се советува и кога е температурата на воздухот екстремно висока.