Бидете внимателни со аксесоарите за коса за своите бебиња

Една жена од Шкотска ги предупредува родителите на опасноста од многу популарните аксесоари за коса откако нејзиното 14 недели старо бебе починало

0
456

Лиен Вилсон на својот Фејсбук профил објавила дека 14-неделната ќеркичка на нејзината пријателка починала откако украсната лента од ткаенина која била на нејзиното главче се лизнала и ја задавила додека спиела.

Во својот пост на Фејсбук, Лиен нашишала: Со оваа објава сакам да ги предупредам сите кои имаат мали женски бебиња на кои им ставаат украси на глава, да бидат многу внимателни со нив.

„За жал, мојата пријателка го загуби своето бебе за кое мислеше дека спие во својата преносна бебешка торба уморно после долгата прошетка. Кога таа дошла да го провери бебето тоа го имало својот украс за коса врз устата и носот…било починато“.

Утврдено е дека бебето починало од задушување.

„Таа побара од мене да го споделам ова со другите мајки и да ги предупредам на опасноста од овие аксесоари“, напишала таа.

Инаку, оваа несреќна мајка отишла да се истушира и го оставила бебето да спие. Не била до него само 30 минути и за жал, заборавила да му ги извади украсот од главчето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]