Безалкохолно „вино“ за деца

Ако правите вино за себе, направете и за децата. Се разбира, безалкохолно, но нека се чувствуваат како возрасни

0
211

Состојки:

500 мл сок од портокал
500 мл сок од јаболка
4 кесички овошен чај по желба
1 стапче цимет
2 каранфилчиња
1 портокал
1 јаболко
Исцеден сок од лимон
7 лажици мед

Приготвување:

Во литар вода додадете го циметот и каранфилчињата и варете додека водата не зоврие. Тргнете го тенџерето од рингла, додадете ги кесичките чај и сокот од портокал и јаболко.
По неколку минути извадете ги кесичките чај, загрејте се уште еднаш до вриење па додадете ги сокот од лимон и медот.
По желба додадете и исечени парчиња јаболка и портокал.
Со ова послужете ги со божикни кекси.

[better-ads type='banner' banner='999' ]