Иако не смета дека домашните задачи се баук, др. Кулсон, австралиски психолог за развој на деца, смета дека тие не се воопшто од полза во текот на основното училиште па затоа на своите шест ќерки не им дозволува да пишуваат домашни пред да тргнат во средно.
Во писмото кое на почеток од секоја година и го испраќа на управата на училиштето во кое одат неговите ќерки, тој го објаснува својот став на оваа тема, како и прилините заради кои на своите деца нема да им дозволи да ги пишуваат домашните задачи.
„Во нашиот дом не се подржува изработувањето на домашни задачи. Една од прилините за овој став е научно докажаниот факт дека кај децата помлади од 14 или 15 години нема никаква добробит од домашните задачи што се работат после часовите, односно, дома. Многу студии докажале дури дека домашните задачи негативно влијаат врз учењето“, објаснува др Кулсон.
Освен тоа, тој смета дека домашните задачи во овој период од животот ги изложуваат децата на непотреен стрес.
„Домашните задачи значат повеќе работа за наставниците кои мораат да ги прегледаат, но на децата тоа им е уште потешко дури и ако се задачите со мал обем“, вели тој.
Но проблемот е подлабок од тоа затоа што резултатите од истражувањето покажуваат дека децата кои се преоптоварени повеќе не му се радуваат на учењето и со тоа имаат помали шанси да остварат големи достигнувања. Кога на ова ќе додадете и дека децата кои се преоптоварени со домашни задачи често се соочуваат со депресија и анксиозност, јасно е зошто овој татко на своите деца им ги забранил домашните задачи.
Според него, децата сосема добро се адаптираат на обврските ако домашните задачи им се воведат на возраст од 14 или 15 години, за тоа дефинитивно не им е потребна повеќегодишна пракса. Тој смета дека домашните задачи се целосно непотребни ако детето нема потешкотии во учењето и ако го совладува предвидениот материјал без поголеми проблеми.
„Ако забележите дека вашето дете има потешкотии во учењето треба да се обратите на учителот или да побарате помош, но морате да го согледате конкретниот проблем и да го слушате своето внатрешно чувство“, советува др.Кулсон.
Децата треба да бидат деца, ќе има време за домашни задачи, смета др.Кулсон. А што се однесува до „подготвувањето за обврските што ги чекаат во животот“ – не се грижете, во крајна линија, вашето дете, на пример, на 18 години можеби ќе учи да вози авотомобил, дали тоа значи дека веќе на 12 треба да го седнете зад воланот „за да се подготви на време“? Секако дека не треба.
Сепак, постои една работа на која би требало да ги поттикнувате децата: читање. Според мислењето на Кулсон тоа е од клучна важност за развојот на интелектуалните способности, и тоа многу повеќе отколку домашните задачи. Додека се сосема мали, читајте им. Читајте им кога сте расположени и одморни, но и кога сте уморни, читајте им полека, посветено и внимателно, како да сте на сцена. Правете паузи, прашајте ги како го сфатиле тоа што тукушто сте им го прочитале, објаснувајте им ги зборовите што им с енепознати на разбирлив начин. Кога ќе научат да читаат, нека ви читаат тие вам и уживајте во секој момент што ќе го поминете заедно.