Кои се најчести извори на стрес кај децата?

Еве топ листа од настани кои кај децата предизвикуваат најголем стрес, а некои од нив ќе ве изненадат.

0
737

Освен помали проблеми како што се доцнење на час или лош ден што се однесува на изгледот, децата (како и сите останати) мораат да се соочат со значајни животни настани и промени. Овие настани и промени не мора да бидат негативни за да предизвикаат стрес. Најголем извор на стрес е најчесто самата промена.

Проблеми помеѓу родителите

Детето впива и го забележува она што ви се случува. Многу работи дури не може ни да ги разбере па некогаш може да се грижи премногу за нешто без вистинска однова. Ако детето ве праша за вашите проблеми затоа што слушнало дека зборувате со некого  или пак забележало дека сте загрижени, одвојте време да му ги објасните работите.

Кавга со другарче или со брат или сестра

Зависно од возраста, детето не е секогаш во состојба да објсни што се случило. Може да се чувствува виновно, може да му биде жал, да чувств ува вознемиреност и слично. Немојте да мислите дека детските кавги не го допираат детето затоа што се се решава веќе следниот ден. Бидете во тек и секогаш подготвени да го сослушате и да поразговарате со детето.

Контролни задачи и приемен испит

Има деца кај кои на километар се гледа дека имаат трема пред контролната задача, и нивната анксиозност знаат да ја пренесат и на средината. Од друга страна има и такви  кои ништо не покажуваат. И секако, полно е со такви кај кои не е толку очигледно дали се плашат или не. За ова да не биде преголем извор на стрес потребно е да создадете кај детето позитивен став кон учењето и оценките. Се може да се поправи.

Размислување за тоа дали некој мисли дека се привлечни (кај тинејџерите)

Неретко од тинејџерите може да се слушне како никому не им се допаѓаат. Ова вам сега можеби ви изгледа неважно, но за нив не е така. Не ги омаловажувајте овие грижи, помогнете им да се чувствуваат убаво и самоуверено. Исто така, објаснете им дека секогаш треба да бидат свои и да го прават она што го сакаат наместо да се менуваат заради потребата некому да му се допаднат.

Недоволно приватност

Дали детето ве брка од собата? Дали сака да биде само? Дозволете му да има свое катче во кое може да се опушти и да ужива. Не го притискајте цел ден. Важно е да одредите заедничко време за да бидете во тек со меѓусебните животи, но и приватноста е важна.

Нов член во семејството

Доаѓањето на новиот член на семејството е секогаш голема промена. Разговарајте со детето за да го подготвите на она што го чека. Добро е да знае што може да очекува. И не заборавајте да одвоите време и за него.

 Промена на училиштето

Доаѓањто во нова средина носи неизбежен стрес кој може помалку или повеќе да го измачува детето, во зависност од неговиот карактер но и новините на кои ќе наидува. Бидете со него, организирајте го времето за запознавање на новите другари и слино. Ако детето почувствува дека има силна поддршка од ваша страна, полесно ќе го преброди овој период.

Втор брак на родителот

Разводот има огромно влијание на детето, а новиот брак на родителите исто такја. Можеби тоа на почеток ќе биде негативно кон целата ситуација, но не му дозволувајте да се оддалечи. Организирајте го заедничкото време со новото семејство и одржувајте добри односи со стариот партнер за да се намалат негативните чувства.

Недостаток на пари

Материјалната страна не би требало да го загрижува детето но средината може да биде груба наметнувајќи различни споредби и недостижни стандарди. Научете го детето дека луѓето не се проценуваат по тоа колку имаат, дека вистинската среќа не зависи од предметите и дека се она што е најдобро е целосно бесплатно.

Однос со наставниците и професорите

Невозможно е постојано да се согласувате си секого и тоа е една од важните животни лекции за вашето дете. Колку побро научи како да најде начин за соравботка со луѓето си кои не се согласува од старт, толку е подобро за него.

Следете го односот на детето кон училиштето и наставниците и ќе го спречите да бега од часови за да го зибегне наставникот со кој не се согласува. Дури и ако несогласувањето отиде толку далеку, разговарајте со детето и заедно утврдете ги причините за тоа и тактиката за надминување.

[better-ads type='banner' banner='999' ]