Листата на десет супер продукти за бебиња и деца вклучува:
1. Банани – Тие се одличен извор на енергија
2. Кељ – Тој е богат со железо и основни антиоксиданти, хранливи состојки кои се природна заштита од рак.
3. Морков – Тој е важен за растот, здравата кожа и заби. Свежиот морков има двојно поголема количина на витамини од варениот.
4. Риба – Рибата претставува важен извор на есенцијални омега-3 масни киселини.
5. Млеко – Млекото содржи хранливи состојки кои им се потребни на бебињата за да растат. Децата и по првиот роденден треба да испијат најмалку 4,5 децилитри млеко дневно или еквивалент во млечните производи.
6. Сирење – Одличен избор за силни и здрави коски и заби. Ако се изеде по оброкот, тоа ја неутрализира киселината која предизвикува кариес.
7. Леб и житни култури (зрна) – Тие поседуваат висока содржина на влакнести материи и сложени јаглехидрати. Секогаш избирајте леб и печиво од интегрално брашно.
8. Јајца – Тие се богати со протеини, витамини и железо.
9. Месо – Помалку мрсното црвено месо е едно од најдобрите извори на железо. Исто така, ова месо е богато со протеини и цинк – основни материи за раст, за процесот на заздравување, за зацелување на рани и за силен имунолошки систем.
10. Киви – Тие содржат двојно поголема количина витамин Ц од портокалите. Исто така, тие се добар извор на калиум, билни влакна, витамини од групата Б, витамин Е и минерали. Се препорачува исклучиво по првиот роденден на бебето.