Засега попустот за детско креветче кој бил објавен во необичен оглас на шведската компанија ИКЕА, можат да го освојат само Швеѓанките.
За Македонките тоа ништо не значи, со оглед на тоа што кај нас воопшто и нема продавница на ИКЕА, но со оглед на тоа што станува збор за необичен повик, приказната стаса и кај нас.
Светски познатиот шведски бренд ИКЕА, еден од најславните брендови за мебел во целиот свет, неодамна објави оглас со кој ги повикува бремените жени буквално да се измочаат врз него.
Огласот излегол во шведското женско списание Amelia, а го осмислилеа екипата на маркетиншката агенција Akestam Holst во соработка со Mercene Labs, а ако сѐ уште не сфативте за што станува збор, ред е да го кажеме најважното.
Нивниот оглас е всушност тест за бременост кој би требало да потврди дека личноста која сака да добие попуст на детското креветче е навистина трудна, а очигледно е дека тука не станува збор за обичен, ефтин тест кој е само вметнат во списанието.
Тестот е развиен со помош на модерна технологија и врз основа на најнови медицински сознанија и направен од внимателно одбрани материјали.
„Направени се некои промени кои, веруваме, добро ќе послужат за дијагностиицрање на бременоста“, споменато е во соопштувањето врзано за овој необичен оглас. Со потврда и доказ, детското креветче може да се добие по 50 отсто пониска цена.