Детски џагор, среќни лица, весели насмевки и задоволни родители можеа да се видат викендов на Фестивалот за деца во Скопје Сити Мол. Тридневната програма создаде весела атмосфера и го исполни трговскиот центар со насмеани посетители.
Во рамки на фестивалот беше организирано Талент шоу, на кое се избираат млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Фановите на социјалните мрежи ќе можат да гласаат за своиие фаворити заклучно со 08.12.2017.
Најлајкуваните 12 фотомодели (6 машки и 6 женски) ќе бидат вклучени во наредните детски кампањи на Скопје Сити Мол и ќе добијат пригодни подароци, а исто така ќе бидат наградени и најдобрите 6 видеа (по 3 од двете возрасни категории). За да гласате за Вашите фаворити посетете ја фан страната www.facebook.com/SkopjeCityMall/ и дадете го Вашиот глас (лајк) за фотомодел или талент видео.
Додека децата се забавуваа, родителите ги посетија продавниците во шопинг центарот и го искористија големиот попуст од 20 до 70 отсто кој важеше во 28 продавници за време на фестивалот.