Ситуации во кои децата најчесто го тестираат вашето трпение

Чекање на лекар или во продавница, борба со храната или 100 изговори кога е време за спиење, се само некои од нив

0
592

Има многу ситуации кога родителите мора да се вооружат со трпение, а еве неколку во кои ќе се најдат повеќето деца порано или подоцна.

Хаотична соба полна со расфрлани играчки – Сите сме свесни за фактот дека не може да се очекува од децата собата да им биде средена од 0 до 24 часот, но понекогаш навистина прават таков хаос што ви доаѓа да си ја искубете косата.

Борба околу храната– Броењето на залчиња зеенук и претурањето низ чинијата, е најдобар тест за вашите нерви. Сите деца го прават тоа, ова е единствената утеха што ја имаме за вас!

Чекање на лекар – Секоја минута во чекална ќе ви изгледа како вечност. Трчање наоколу, 100 прашања во минута и повремено плачење  затоа што гледа дека плачат и другите деца, е ситуација на која мора да се подготвите.

Врескање во продавница – Одењето на детето во продавница за секој родител е вистинска авантура. Кога ќе помислите дека се поминало добро и само треба да дојдете на ред на благајна, авантурата допрва почнува.

Кавга со браќата или сестрите – Иако е тоа најнормална работа на свет, мајките многу често не моат да го разберат тоа. Како може некој што до пред минута заедно си играле, можат наеднаш толку да се искараат?

Дамки на омилената кошула– Понекогаш е невозможно да се остане чист покрај децата. Новата кошула или омилениот фустан веројатно е ви бидат извалкани само минута откако е ги облечете.

100 причини да избегнат одење на спиење – Детето е избањато, чисто, сито и уорно, што е идеално време за одење на спиење. Се лажете! Детето сака чаша вода? Мора да оди во купатило? Баш сега му се чини како идеално време да ви раскаже што му се случило во градинка или на училиште?

[better-ads type='banner' banner='999' ]