Родителите често не ни забележуваат дека детето им станал разгалено. Сосема е разбирливо дека сакате да му дадете се на своето дете, но ако не поставите граница на време, би можеле да имате сериозни проблеми кога детето ќе порасне.
Додека сте во парк лесно ќе препознаете разгалено дете, но кога станува зборза вашето дете, несвесно ќе ги смените критериумите и неговите дела и зборови ќе ѝ ги припишете на разиграноста. Еве кои се најчестите сигнали кои укажуваат на тоа дека сепак мора нешто да смените.
Детето има чести испади на лутина
Чукање, дерење, плачење дома и надвор без некоја посебна причина се знак за узбуна. Ваквите испади е можно да се толерираат во исклучителни ситуации, ако детето проживеало стресна ситуација или пак е болно.
Детето никогаш не е задоволно
Разгалените деца често не можат да покажат задоволство со она што го имаат, туку е многу посилна желбата за се што немаат.
Детето е непослушно
Можда се работи за детско невнимание и моментално нема време да ги слуша вашите молби, но ако детето без размислување игнорира се што ќе му кажете, тогаш е проблемот нешто поголем.
Детето се обидува да ве контролира
Разгалените деца се често спремни да го покачат тонот и да бараат исполнување на своите желби од страна на другите деца и возрасните.
Често ви е непријатно во јавност
Притоа не мислиме на ситници кои на луѓето околу вас им се веројатно симпатични, туку на сериозни постапки кои детето свесно ги прави.
Детето не сака да дели
Кога детето никому не му дозволува да си игра со неговите играчки, а подразбира дека тоа самото има пристап до се, време е за разговор.
Мора да го молите и да го поткупувате
Родителот би требало да е авторитет затоа што само така може да воспита дете и да му ги всади оние вистински вредности. Ако детето мора да го молите или дури да го поткупувате, постои проблем кој не би смееле да го игнорирате.