Генијален трик: Кога им се обраќаат на децата, Кејт и Вилијам секогаш клекнуваат!

Психологот Карл Роџерс ваквата комуникација со децата во 1957 година ја нарекол „активно слушање“.

0
2514

Кога им се обраќаат на своите деца, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт се наведнуваат и клекнуваат за да се спуштат на нивно ниво и гледајќи ги во лице, ги слушаат со внимание.

Бидејќи оваа ситуација постојано се повторува, се претпоставува дека оваа брачна двојка го базира своето родителство на методот на психологот Карл Роџерс кој ваквата комуникација со децата во 1957 година ја нарекол „активно слушање“.

Наводно, кога родителот му се обраќа на детето од висина, почесто доаѓа до недоразбирање затоа што постои одредена психолошка дистанца која во овој случај ја прави родителот. Кога родителот ќе се спушти на нивото на детето, тоа брзо учи да ги разбира зборовите на возрасните, а исто така развива и емпатија. Психологот тврди дека на прекрасен начин се работи на стекнување на доверба кај децата.

Прекрасна метода, нели?

[better-ads type='banner' banner='999' ]