Еве која од класичните собни билки кои луѓето често ги одгледуваат можат да предизвикаат некој вид на штета ако мало дете ги фаќа или проголта дел од нив.
Знаеме колку се бебињата љубопитни кога еднаш ќе тргнат да лазат, па саксијата со зелено цвеќе сигурно ќе биде една од нивните мети.
Бидејќи малите деца се брзи и не можете да ги следите постојано, а некоја билка може да остави и последици, проверете дали и вие имате некоја од нив дома.
Фикус
Фикусот е чест жител на домовите па ако имате мали деца внимавајте да не ги допираат листовите затоа што би можеле да почувствуваат пецкање и чешање на кожата, а може да биде и полошо ако случајно гризнат од листот или го стават во уста.
Последиците не се трајни, а проблемот можете да го решите со миење на устата или на грлото со вода, но сепак, бидете внимателни затоа што доколку се случи детето да стави во уста некое поголемо парче, може да му биде пошпречено дишењето.
Шарени билки
Билките како рододендрон, филодендрон, хризантема, нарцис и циклама кои имаат силни и впечатливи бои или големи атрактивни листови, се исто така вистинска мамка за малите љубопитни деца. И тие како и фикусот можат да им ја изиритираат кожата и грлото доколку ги стават во уста или да доведат и до поголеми проблеми. Нивните листови се малку потоксични од оние на фикусот па децата кој ќе изедат малку од споменатите билки би можеле да почувствуваат и поголеми пречки како болки во стомакот, повраќање, а колку повеќе изедат толку е и ризикот поголем. Во таков случај секако проверете каков им е јазикот и дали почнал да отекува.
Олеандер, кливија, бршлен
Овие три билки се најотровни за малите деца. Симптомите на труење со нив се болка во стомакот, мачнина, повраќање, а можно е и отекување на јазикот и промени во срцевиот ритам и циркулацијата.
Во случај детето да изело листови или цветови од овие билки, потребно е веднаш да ги однесете на лекар. Во зависност од тоа колку изеле, можеби че помогне и испирање со ладна вода, иако, со оглед на тоа што овие билки важат како опасни за децата, секако е подобро да ги однесете на лекар.