Кашичка од палента со портокал и банана

Домашните кашички се повкусни, поздрави, а и поефтини. Ова е еден од предлозите за погуста кашичка за вашето бебе...

0
669

Совети:

Цитрусите се воведуваат во исхраната на децата после првата година. Воведувањето почнете го со мали количини на едно овошје, постепено зголемувајќи ја количината. Ако детето не го поднесува сокот од портокал, заменете го со сок од јаболко.

Ако користите инстант палента, ќе биде готова за 4-5 минути.

Состојки:

200 мл млеко

1 и пол лажица палента

Пола банана

Сок од ½ портокал.

Приготвување:

  1. Загрејте го млекото, додадете палента и на тивок оган мешајте додека не се свари. Во сварената палента додадете сок од портокал.
  2. Бананата згмечете ја со вилушка, па додадете ја во смесата и измешајте.
  3. Оставете да се олади.
[better-ads type='banner' banner='999' ]