Предупредување: Бебе речиси се загушило со цуцла-лажливка

Еден татко на Фејсбук објавил фотографија од цуцлата и предупредување до сите родители да бидат внимателни особено доколку нивните деца спијат со цуцла во уста

0
592

За жал, честопати се случуваат несреќи во кои родителите не се ни свесни што се случило со нивните потполно здрави бебиња и деца. За среќа, некогаш несаканите случки се случуваат кога се во близина родителите и можат да реагираат и да си ги спасат децата. Таков е и овој случај, но таткото на 18-месечното бебе кое речиси се загушило со цуцла, го објавил настанот на Фејсбук како предупредување за родителите чии деца се уште заспиваат со цуцла во уста.

Имено, додека бебето ја цицало цуцлата, гумениот дел се откинал од остатокот на цуцлата и заглавил во устата на малото девојче. За среќа, мајката била во близина и забележала што се случува па брзо реагирала кога бебето почнало да се гуши и да псинува заради недостатокот од кислород.

„Се плашам и да помислам што ќе се случеше ако цуцлата се одвоеше вака среде ноќ. Немаше ни да сфатиме што се случува и верувам дека утрото нашата ќеркичка веќе немаше да биде жива“, напишал загрижениот татко кој ја објавил случката на Фејсбук, како предупредување за другите родители да проверуваат во кава состојба се цуцлите на нивните бебиња.

Секако, таткото веднаш го контактирал и производителот. Малку поголемите бебиња кои веќе имаат запчиња многу често со нив го нагризуваат гумениот дел од цуцлите, па се случува тие да се одвојат на две или на повеќе парчиња, а тоа е опасно. Затоа драгиу родители, проверувајте ги цуцлите, затегнете ги во сите правци за да проверите во каква состојба се, особено ако вашето дете сака цела ноќ да ја џвака цуцлата и да ја држи во уста.

[better-ads type='banner' banner='999' ]