Време, искреност, великодушност,… се само некои од даровите што детето ќе ги памти целиот живот. Прашање е само, дали ние како родители сме свесни за овие бесплатни подароци и дали сме подготвени да ги поделиме со другите. Секогаш кога ќе се прашате: „Што би можеле денеска да му подариме на своето дете“?, имајте на ум некој од следниве непроценливи животни подароци.
Предизвик
Не ги кочете децата во нивните соништа. Убаво е чувството да се сонува и да се посакува нешто. Будете им го поттикот и охрабрувајте ги секој ден. Со ваша поддршка, децата ќе успеат да постигнат и повеќе отколку што очекувате.
Љубопитност
Научете ги децата да бидат љубопитни, да поставуваат прашања и да го откриваат светот околу себе. „Престани да прашуваш“, е реченицата кое детето не би требало да ја слушне од вашата уста.
Надеж
Веројатно нема поубаво чувство од позитивното размислување и надежта. Прелу надежта добиваме дополнителна сила, издржливост и одлучност. И во најтешките моменти таа не турка напред. Научете ги и вашите деца секогаш да ја имаат.
Бакнежи и прегратки
Запомнете, вашите синови или ќерки не се никогаш престари за прегратка или за бакнеж. Ширете љубов, дарувајте љубов и сделувајте ја љубовта затоа што таа го движи светот.
Оптимизам
Не се вели залудно дека песимистите не го менуваат светот, туку таа улога ја преземаат оптимистите.
Насмевка
Смејте се заедно со своите деца секој ден. Во секојдневните ситуации најдете причина за смеа. Смеата е заразна и потрудете се да ги заразите и своуте деца со неа. Со смеење ослободете се од чувството на лутина, страв, вина и напнатост.
Време
Времето не може да се купи со пари. Не можете да го добиете или да го вратите кога ќе посакате. Затоа размислете колку време поминувате со своите деца и дали е тоа доволно.
Дисциплина
Од мали нозе треба да ги учите децата на одговорно однесување. Дисциплината е вештина која може да се научи. Треба да се биде упорен и истраен.
Охрабрување
Зборовите се моќно средство, тие можат да создадат или да уништат. Одбирајте зборови со кои ќе го охрабрите своето дете и ќе ширите позитивна енергија.
Великодушност
Наспроти значењето кое добрината го има во нашите животи, да ги учите децата да бидат великодушни не е ниту малку едноставна задача. Великодушноста најдобро се демонстрира со дарување на време или ресурси на оние на кои тоа им треба. Само со сопствени примери на децата можете да им покажете колку е нешто битно и вредно.
Искреност
Децата кои на време почнуваат да учат за важноста на искреноста, имаат многу повеќе можност да бидат искрени во зрелото доба. Истражувањата покажале дека луѓето кои не лажат и ништо не кријат, имаат поголем праг на самопочитување, уживат во животот и подобро спијат ноќе.
Фантазија
Не е необично што еден од најголемите умови на 20.век, Алберт Ајнштајн тврдел: „Фантазијата е поважна од знаењето“. Овозможете им на децата да ги урнат во својата глава сите граници на невозможното без страв дека ќе згрешат.