Седум работи што ќе ги научите дури со второто дете

Со првото дете се учиме, но со второто многу повеќе спознаваме што всушност сме научиле.

0
1376

Да се имаат две мали деца, од кои помладото се уште не наполнило една година, и дури сега почнало да го открива светот, е секојдневје за многу мајки.
Да се има едно дете е прекрасно и тешко, но кога имате само едно дете не ни сфаќате колкави се вашите реални можности – многу работи ќе сфатите дури кога ќе го добиете второто дете. Дури тогаш можете да кажете – мојот живот е предизвик, децата се предизвик, но тоа не значи дека мора да живееме по програма. Напротив, дури со второто, а веројатно, уште повеќе со третото дете, ќе научите дека е важно само да ги следите своите инстинкти, да го слушате своето дете и своето срце, а не сите оние совети со кои ве бомбардираат и пред да го родите првото дете.

1. Ништо не е вечно и се минува толку брзо

Сетете се на сите оние потешки фази од животот на вашето бебе – непроспиени ноќи, грчеви, никнување на забите…сето тоа брзо поминува и додека се свртите, на репертоарот е веќе некоја нова фаза. Но кога ќе добиете второ дете со сиот тој пакет од фази кој неминовно стасува заедно со нив, ја сфаќате вистинската минливост на тие фази и ќе видите дека сега помалку се нервирате заради нив.

2. Не сте супер жена и едноставно не можете да направите се

Кога имате едно дете некако ви е логично дека ќе се обидете да му пружите се и веднаш штом нешто му затреба. Но кога ќе дојде второто дете едноставно сфаќате дека не можете да направите баш се. Не сте супер-жена и никој нема да страда затоа што не добил нешто веднаш. Впрочем, нека се навикнат дека не можат да добијат се што ќе посакаат.

3. Секое дете е различно

Тоа веројатно сте го чуле милион пати. Затоа никогаш не помислувајте дека го познавате своето бебе само затоа што го познавате поголемото дете, затоа што се тие главно небо и земја и затоа за секое е потребен поинаков пристап.

4. Не се плашете да побарате помош

На секоја мајка и треба помош оид страна. Не секогаш и секаде, но кога ќе го добиете првото дете мислите дека едноставно мора да му докажете на светот дека вие тоа го можете. Дури со второто дете конечно сфаќате дека и на нашите прабаби понекогаш им требала десна рака, а колку вие ќе се потпрете на неа, зависи само од вас и од тоа колку сами ќе ја побарате. Колку повеќе барате, повеќе помош и ќе добиете и ќе имате повеќе енергија за сите оние радосни моменти во секој ден. И зошто не би им дозволиле на бабите и дедовците да се ангажираат малку повеќе околу своите внуци.

5. Занемарете ја различната опрема и технологија, тие не се пресудни за среќата на вашето дете

Родителите, односно, оние кои чекаат бебе се во состојба да потрошат едно чудо пати на работи кои ретко ќе им требаат или пак нема воопшто да им требаат. Затоа сфатете една работа – има нешта кои можат да ви ги олеснат деновите со бебето, но сите тие работи се заменливи со нешто што сигурно веќе го имате дома. Од носилка за бебето до куп играчки кои бебето сигирно нема да го забавуваат толку многу како што можат мама и тато.

6. Одлучете сами дали ќе се нервирате или ќе дозволите работите едноставно да си течат

Со првото бебе најмногу страдаат мајките кои навикнале да планираат однапред и да имаат се организирано. Животот со бебето едноставно не е таков. Тоа го сфаќате дури со второто дете и дури тогаш кога ќе поминете прекрасен ден без нервирање само затоа што ништо не сте планирале, туку сте дозволиле работите да си одат по својот тек

7. Дури и кога ве разубедуваат, вие верувајте им само на своите инстинкти

Другите мајки многу сакаат да се плеткаат во туѓи работи само затоа што мислат дека многу добро научиле од своето искуство. Сетете се само дека ниту вашите деца не се исти, па зошто би морале да и верувате на мајката на некое туѓо дете дека мора да ги правите работите баш така како што таа ви советува. Нејзиното дете е различно од вашето. И вие самите сте многу различни од неа затоа слушајте го само своето срце и своите инстинкти, а секој одговор што ви треба ќе ви го даде вашето дете, дури и ако не знае да зборува.

[better-ads type='banner' banner='999' ]