Како да му помогнете на вашето бебе кога има грчеви?

Еден од најпознатите и многу успешни американски педијатри Харви Нил Карп вели дека нашол идеален метод за смирување на грчевите кај бебињата. Тој вели дека да го најде решението му помогнале мајките од пустината Калахари кои ги запознал во далечната 1981.година.

0
1086

Грчевите кај новороденчињата и помалите бебиња можат да бидат навистина непријатни и напорни. Тоа најдобро го знаат родителите на кои понекогаш ни сто и еден метод не им помага за да го смират детето.

На беспомошните и очајни родители кои никако не можат да излезат на крај со грчевите на бебињата одлучил да им помогне еден од најпознатите и многу успешни американски педијатри Харви Нил Карп кој вели дека нашол идеален метод за смирување на колики. Тој вели дека да го најде решението му помогнале мајките од пустината Калахари кои ги запознал во далечната 1981.година. Според него, тие успеале да ја најдат „волшебната“ формула со чија помош ги смируваат своите деца за помалку од една минута, и тоа на многу едноставен и практичен начин. На бебето му е потребно само да му се обезбедат условите што ги имало во текот на својот „престој“ во матката. Пробајте некој од следните методи.

Шумолење

Иако е спротивно на сите досегашни верувања, на бебињата сепак не им треба тишина за да заспијат. Додека биле во матката, сите девет месеци тие го слушале шумолењето на крвотокот. Затоа, избегнувајте ја тишината и вклучете ја машината за перење, правосмукалката, миксерот или нешто слично. Се што произведува рамномерен ритам, ќе го запсие бебето.

Повивање

Бебето треба цврсто да се завитка, но не прецврсто, така за да може рацете да им бидат покрај телото. Тоа можете да го постигнете и со помош на перници за бебиња во кои тие се релативно цврсто стиснати. Ова ќе ги потсети на чувството што го имале додека биле во матката. Овој метод користете го само кога треба да го смирите бебето, а не преку целиот ден.

Нишкање

Бебињата се во матката секојдневно изложени на различни движења на мајката. Затоа искористете го како начин за смирување и нишкањето. Користете брзи, но кратки движења, и тоа на тој начин што ќе ја мрдате раката 1-2 цм горе-долу. Но никогаш немојте да го тресете или да правите силни движења со раката со која ќе го нишкате вашето бебе.

Цицање

Дали ќе користите цуцла или доење, е ваш избор. Битно е само вашето дете да има што да „влече“.

Положба на страна или на стомак

Оваа техника е многу едноставна и секогаш „пали“ кај смирувањето на бебето. Свртете го бебето на страна, на стомак или потпрете го насвоето рамо. Ќе се смири за секунда.

[better-ads type='banner' banner='999' ]