Доколку е вашето дете хиперактивно и тешко се концентрира, освен генетиката и социолошките фактори, причина може да биде и исхраната. Односно, вештачките бои во слатките, грицките и соковите. Затоа два пати размислете пред да му купите на детето следниот пат дречлива зелена лижалка или неприродно црвен сладолед или пак да ги обоите јајцата со вештачки бои.
Научниците откриле дека хиперактивноста кај децата се зголемува кога консумираат некои адитиви во храната во споредба со децата кои не ги консумирале.
Затоа, иако научниците кои ги тестирале вештачките бои кои можат да се најдат во широко распространетите видови на производи во детската исхрана не утврдиле кои адитиви точно се одговорни за засилување на активностите кај децата, не ризикувајте. Вапцајте ги барем јајцата со природни бои.