Вапцајте ги јајцата на природен начин

Велигден се ближи па време е да размислите како ќе ги вапцате јајцата. Направете го тоа заедно со вашите деца и научете ги како се прави ова без вештачки бои

0
293

Сите деца сакаат да учествуваат во боењето јајца и тоа е омилена забава во многу семејства воочи Велигден. Затоа, колку и да сакате да имате најубаво обоени јајца, дозволете им на децата да ја покажат својата креативност и вклучете ги во процесот и по цена јајцата да не бидат совршени.

Згора на се, научете ги како ова се прави со помош на природни состојки.

За потсетување:

За да добиете бледо црвена боја, употребете сок од цвекло

За портокалова: кора од црвен кромид

За жолта: вода со кари или кора од портокал

За бледо зелена: Вода од варен спанаќ

Сина: Во вода од боровница

Крем или кафена: во кафе

Јајцата ставете ги во овие раствори во кои, освен наведеното овошје, зеленчук или зачин, ќе додадете и лажица јаболков оцет. Ако сакате бојата да биде поизразена , оставете ги јајцата потопени во таа вода преку ноќ.

Убави јајца можете да добиете ако неварени внимателно ги завиткате во лушпа од кромид (црвен или виолетов кромид), потоа стегнете ги со ластиче (можете да ги ставите и во нови и испрани хулахопки и да ги варите како и обично, само малку подолго од вообичаеното.

Ако немате многу време, само купете јајца во две бои (бели и кафени) и дајте им на децата по еден црн, бел и златен маркер и оставете ги се да направат сами. Врз белите јајца нека цртаат со црн амркер, а врз темните со бел или доколку најдете, со златен.

[better-ads type='banner' banner='999' ]