Повеќето од вас сигурно се нашле во ситуација во која кога само за момент го свртеле погледот се случило бебето да падне од креветот или од масата на која го преповивате. Следува силен плач кај бебето, а родителот е секогаш преплашен. Сепак, добрата вест е што потешки повреди навистина ретко се случуваат, но еве како треба да постапите во вакви ситуации.
Пред се мора да разјасниме дека не постои безбедна висина за пад, па затоа најдобро е да се внимава да не дојде до паѓање. Сепак, треба да се разграничат две важни “височински” ситуации: пад од мала висина (од обичен кревет) и пад од висина поголема од еден метар.
За среќа, паѓањата од ваквата поголема висина се исклучително ретки, веројатно бидејќи родителите се многу попретпазливи кога го повиваат бебето на поголема висина.
Кога ќе падне бебето веднаш почнува да плаче. Тоа е вообичаено, бидејќи ваквиот пад може да биде болен, но бебето е и исплашено поради неочекуваната и непријатна промена на положбата. Овој страв посебно кулминира ако родителите во ист глас се преплашат и викнат по бебето, па настанува непотребна паника. Повеќето бебиња после 10 минути се смируваат, се расположуваат, се однесуваат нормално па нема причина за загриженост.
Еве како да постапите:
- Полека и без паника кренете го бебето од подот и прегрнете го така што главата да му биде лесно наслонета нанапред. На тој начин во случај на повраќање ќе се избегне да бебето ја ‘вдише’ содржината од желудникот во дишните патишта.
- Потоа свртете го бебето кон вас и внимателно погледнете дали има повреди или крварење на главата, усните или во устата. Не треба да го притиснувате и пипкате по главата во потрага за скршени коски.
- Најмалку 20 минути по паѓањето немојте да му давате на бебето да јаде и пие. За тоа време играјте си со него, обидете се да заборавите на траумата низ која бебето минало.
- Ако после 20 до 30 минути бебето се однесува како ништо да не се случило, треба да му дадете да јаде, а ако сака да спие, слободно нека се одмори.
Кај бебињата не се случува претерано често да повраќаат после падот. Тоа може да се очекува ако тоа имало оброк 30 минути пред падот или ако падот бил многу силен. Затоа нема причина за паника ако тоа поврати неколку пати после падот – тоа е навистина вообичаено. Не е во ред ако бебето постојано повраќа и кога е тоа поврзано со негово чудно однесување.
Како што времето минува, бебето се враќа на своите вообичаени активности, бара да јаде и пие, па не треба да му ја скратувате храната. Нормално, не треба да се прејадува – бидејќи така се зголемува шансата да поврати а тоа ќе биде дополнителна причина за паника. Поголемиот број на бебиња по падот многу брзо се опоравуваат, обично доволни им се 30 до 60 минути. Кај овие безопасни падови нема потреба да одите на лекар, бидејќи поголема траума за бебето е заминувањето во паника во болница и прегледот кај лекар отколку самиот пад.