Блогерката Саманта Ли од Малезија прави вистински чудесни уметнички дела од детските порции со храна. Се почнало во 2008.година кога одлучила на својата постара ќерка да и ја презентира храната на малку поинаков начин. Почнала да „раскажува приказни“ на чинија. Со своите мали уметнички дела не го воодушевила само своето семејство туку и целиот свет.
При подготвувањето на јадењето Саманта користи едноставни алатки, не е поброник на фрлањето на храна па секогаш им дава предност на свежите и здрави намирници. Оваа мајка на две ќерки, на социјалните мрежи ја следат повеќе од милион луѓе, а нејзините јадливи креациии се инспирација за многу луѓе ширум светот. Ако вашите деца спаѓаат во категоријата на „проблематични пребирливци“, овие мали чудесни приказни од чиниите на Саманта Ли, сигурно ќе ги поттикнат да посегнат по нив.
Морски свет
Приближете му го на вашето дете морскиот свет со помош на: леб, топено сирење, тврд кашкавал, јаболко, киви, јагоди, когурт, житарки и боровинки.
Мама знае најдобро
Направете ликови на девојче и на мајка во чинијата на вашето дете. За косата на девојчето искористете шпагети, а за витканата коса на мајката – алги. За стајлингот ќе ви бидат потребни: кечап, топчлиња од ориз, алги, аспарагус, лосос.
Трите прасиња и волкот
За да ја прераскажете приказната на чинија, ви требаат: кашкавал, алги, мајонез, павлака, брокула, месо, омлет од јајца, салата.
Сунѓерот Боб
Еден од омилените ликови од цртаните филмови направете го со помош на: кашкавал, тиквички, шунка, алги, багет.