Постои можност аутизмот да се предвиди во првата година од животот

Новите откритија, иако само прелиминарни, можеби се голем исчекор кој ќе им помогне на докторите да го предвидат ризикот од развој на аутизмот и пред да се појават првите симптоми.

0
1395
Baby's Head and Neck

Користењето на магнетна резонанца може да биде клучно во раното откривање на аутизмот, дури и пред навршена една година, открил тим од американски стручњаци.

Моментално, сигурна дијагноза на аутизам е можно да се постави најрано со две години, а тоа е веќе возраст кога може да се забележи преку одделни проблеми, како што е неможност од составување на сложени реченици или воспоставување на контакт со очите.

Но новите откритија, иако само прелиминарни, можеби се голем исчекор кој ќе им помогне на докторите да го предвидат ризикот од развој на аутизмот и пред да се појават првите симптоми.

Во студијата објавена во публикацијата Nature, се наведува дека истражувачите во центрите за аутизам ширум Америка истражувале вкупно 106 бебиња за кои се сметало дека имаат поголем фактор на ризик да развијат аутизам затоа што имаат постар брат или сестра кои веќе ја имаат та дијагноза. Инаку, децата кои имаат брат или сестра со дијагноза на аутизам имаат 20% шанси и замите да заболат од аутизам, додека во општата популација тој ризик е 1%. Сите бебиња поминале магнетна резонанца на шест месеци, на една година и на две години. Заради споредба, истражувањето вклучувало и 40 бебиња кои имале ниско ниво на ризик да развијат аутизам. Магнетната резонанца открила дека бебињата кои подоцна развиле аутизам, имале многу побрз раст на набори на површината од мозокот од децата кои не развиле аутизам. Тој побрз раст на наборите е поврзан и со појавата на други симптоми во втората година од животот, како што се задоцнет говор и невклучување во игра.

Истражувачите врз основа на овие информации кои ги добиле од студијата креирале алгоритам кој им овозможил дури во 80% од случаите успешно да предвидат дали бебето ќе развие аутизам до втората година од животот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]