Како да го смирите детето кога хистерично плаче?

Хистеричното плачење и целосно неконтролираното однесување се епизоди со кои понекогаш се среќава секој родител на дете кое е на возраст од една до три години.

0
2450

Речиси секој родител на дете на возраст од 1 до 3 години барем еднаш се сретнал со ситуација кога не можел да го смири детето кои добило напад на бес. Родителите реагираат различно во вакви ситуации, од игнорирање на детето си моментално задоволување на секое негово барање. Без оглед каде се наоѓате во моментот кога детето со напад на бес реагира на некоја забрана, тешко е да се остане мирен и да се реагира на вистинскиот начин. Не само што чувствувате како сите кои присуствуваат на таа сцена да ги оценуваат вашите родителски способности, туку ваквата ситуација е многу стресна и за родителите и за детето.

Во овој период од развојот децата минуваат низ многу брз психофизички развој. Тоа е период кога се усвојуват бројни моторни вештини, детето учи јазик и ги усвојува начините за решавање на проблемот, па воопшто не чуди што брзината со која се случуваат овие промени и експлозивниот развој го збунуваат детскиот ум. Токму тој брз развој е и причина за фрустрации кои понекогаш  завршуваат со вистински изливи на бес.

Методот на доктор Карп

Познатиот американски педијатар, доктор Карп, чија книга „Најсреќното бебе“ станала речиси неизбежна литераура за сите семејства со бебе, во својата нова книга „Најсреќно дете“ се занимава, меѓудругото, токму со проблемите на напад на бес кај децата.

Oвој стручњак им советува на родителите на детето кое плаче, вреска и хистерично бара нешто да не му пристапуваат на рационален, практичен начин, затоа што тогаш детето не може да го прифати тоа. Наместо ова, советот на доктор Карп е на детето да му се каже токму тоа што сака да го слушне. Тоа подразбира ментално и физички да се спуштите на нивото на детето кога е вознемирено. Целта не е на детето да му дадете се што ќе побара, туку да комуницирате со него на негов начин, така за да ве разбере:

  • Повторувајќи ги зборовите кое детето ги користи
  • Користејќи кратки фази со доста повторување
  • Рефлектирајќи ги чувствата на детето во тонот на гласот и во изразот на лицето.

На пример, во ситуација кога вашето дете ќе добие напад на бес во продавница затоа што не сте му купиле лижавче и ќе почне да вреска. Ако се обидете како одговорен и смирен родител со благ и љубезен глас да му кажете: „Злато, не можеш сега да добиеш лижавче, уште не си јадел, ќе си го расипеш ручекот“, ваквиот одговор само ќе ја влоши работата.

Ова е логичен, разумен одговор кој си го сака детето, но за дете на таа возраст, тоа е нешто што само ќе го разбесни, објаснува доктор Карп. Тоа тогаш смета дека мора да го повторува својот став се погласно и похистерично за да го слушнете и да го разберете. Наместо тоа, овој педијатар советува да ги повторувате зборовите што вашето дете ги вреска и тоа со смирувачки тон на гласот: „Сакаш лижавче. Сакаш лижавче. Лижавче. Сега сакаш“.

Можеби ваквиот пристап делува чудно, но ваквиот одговор е всушност смао верзија на веќе добро оправданиот метод на активно слушање кое возрасните го користат во секојдневната комуникација, особено во проблематичните случаи. Секкао, целта не е само да ги повторувате зборовите, туку на лицето со кое разговарате да му биде јасно дека сте разбрале на што се жали. Кога разговарате со возрасна личност која е вознемирена и бесна неа би и рекле: „Разбирам, разбирам. Те сфаќам. Навистина ми е жал“. Надвор од овој контекст ваквиот одговор звучи неповрзано и бесмислено, а сепак личноста на која и го зборувате тоа може да се смири и да престане со хистеријата. Сосема е слилна и реакцијата на децата.

Доктор Карп и практично го демонстрирал овој метод и покажал како заплакано и хистерично дете во рок од неколку секунди кога ќе добие ваков одговор се смирува и прашално ја гледа личноста која го повторува неговиот проблем. Кога ќе го постигнете тоа и ќе го надминете нападот на бес, можете на детето кое веќе се смирило да му ги објасните причините зошто сте му рекле не, да го утешите и да му понудите некое друго решение, во зависност од ситуацијата. Дури смиреното дете ќе биде во состојба да ве слушне и да го прифати вашето објаснување. Доколку интензивните напади на бес се повторуваат многу често, можат да се знак и на некои здравствени проблеми, па доколку го збележите ова сепак посоветувајте се со педијатар.

[better-ads type='banner' banner='999' ]