Родителите живеат подолго ако поминуваме повеќе време со нив

Научници од американскиот универзитет во Калифорнија дошле од откритие кое би можело да биде тајна на долговечноста на нашите родители.

0
127

Ако сакате вашите родители да живеат што е можно подолго, ќе мора да поминувате со нив повеќе време. Осаменоста се поврзува со побрзото стареење и умирање. Истражувачите од универзитетот во Калифорнија на примерок од 1600 луѓе на возраст од околу 71 година, воочиле дека без оглед на здравствената состојба и материјалната стабилност, им е клучна една работа – осаменоста.

Шест години биле следени луѓе и утврдено е дека во групата на оние кои немале посета починале дури 32 отсто, додека од групата која имала посети починале само 14 отсто. Кога се луѓето постари, комуникацијата со семејството и со пријателите е поважна отколку на помлади години. Повозрасните луѓе се во постојана потрага за разговор затоа што имаат многу што да кажат. Никој не сака да биде осамен, а особено не кога ќе остариме. Оваа студија го покажува и значењето на грижата за нашите родители. Колку повеќе време поминуваме со нив, тоа се поголемни шансите тие да живеат подолго.

[better-ads type='banner' banner='999' ]