Зошто е важно детето да спие?

Освен што ја отстранува нервозата, сонот му треба на детето за растење и за здравје. Неговите мускули, вклучувајќи го и срцето, се опоравуваат во текот на спиењето. Спиењето исто така ги контролира сигналите кои зборуваат  дали е детето гладно или сито како би ја одржало оптималната тежина.

0
765

Спиењето го развива мозокот

Додека детето спие, мозокот ги складира сеќавањата од тој ден така за да може да се потсети на нив во иднина. Исто така, сонот е клучниот дел од учењето. На детето му треба сон за да ја одржи концентрацијата во училиште. Квалитетен сон е потребен за да може детето да извршува повеќе активности со помалку грешки.

Колку сон им треба на децата?

На децата им треба повеќе сон отколку на возрасните. Новороденчињата треба да спијат помеѓу 11 и 14 часа дневно. На децата на возраст од 3 до 5 години, потребни им се од 11 до 13 часа. Ако е детето старо помеѓу 6 и 13 години, потребни му се 9 до 11 часа сон. На тинејџерите им требаат 8 до 10 часа дневно.

Дали на децата им е потребен попладневен одмор?

На детето му треба попладневен одмор ако ноќта не спиело добро. Повеќето деца престануваат со попладневното спиење после петтата година. Ако детето и потоа се уште сака да дремнува попладне, можеби треба да легнува порано.

Како да го натерате детето да оди порано во кревет?

Одењето на спиење не мора да биде борба. Создадете рутина која ги вклучува дури и викендите. Тоа може да вклучува смирувачко бањање или четкање на забите но секогаш мора да заврши во спалната соба. Можете да читате пред спиење и потрудете се собата да биде доволно темна, ладна, мирна и без телевизор.

Можат ли тинејџерите да заспијат на време?

Тоа не е невозможна мисија, но не е ниту премногу едноставно. Тинејџерите имаат тенденција доцна да легнуваат и долго да спијат. Проветрете им ја собата, изгаснете го светлото и замолете го тинејџерот да го изгасне телевизорот, мобилниот и компјутерот. Веројатно ништо од тоа нема да биде толку лесно остварливо, но сепак бидете упорни.

Треба ли училиштето да почнува подоцна?

Истражувањата покажуваат дека подолготрајното спиење може да ги поттикне учениците на подобри оценки и подобри резултати од испитувањата.

Дали вашето дете доволно спие?

Ќе знаете дека на вашето дете не му недостасува одмор ако може да кимне со главата 15 до 30 пари откако ќе отиде на спиење. Во утринските часови, лесно ќе се разбуди и лесно ќе стане. Освен тоа, детето добива доволно сон ако не доцни на училиште и ако нема потреба за попладневен одмор.

Може ли детето да има пореметување на спиењето?

Обрнете внимание на рчењето, на долгите паузи помеѓу вдишувањата или на отежнатото дишење додека детето спие затоа што тоа може да биде знак за пореетување на спиењето. Месечарење, ноќни кошмари или мокрење во креветот исто така можат да бидат знаци за пореметување на спиењето.

Како да се разликува АДХД или недостаток од сон?

Возрасните и децата не се однесуваат исто кога страдаат од недостаток на сон. Возрасните се забавуваат и се смируваат, а децата можат да станат хиперактивни и да почнат да се однесуваат хиперактивно. Таквото однесување наликува на АДХД. Педијатарот може да ја воочи разликата, затоа секако обратете му се.

[better-ads type='banner' banner='999' ]