Првата година од животот е време на неверојатнои брз јазичен развој за детето. Она што го дознававме благодарение на најновите научни истражувања е дека бебињата го учат мајчиниот јазик дури и во првите месеци од животот.
Имено, доколку бебето се пресели и го заборави јазикот на кој се зборувало околу него по раѓањето, тој сепак останува сочуван длабоко во неговата меморија
Возрасни Холанѓани кои биле посвоени од Јужна Кореја покажале подобро совладување на изговорот на својот мајчин јазик, на кој биле изложени во најраното детство. Затоа научниците советуваат на бебиеата да им зборуваме колку што е можно повеќе уште од самото раѓање затоа што тие усвокјуваат се што ќе слушнат.
Oва истражување го водел др. Џијоун Чои од универзитетот Ханјанг во Сеул. СТанува збор за првата студија која покажала дека раното истражување на одреден јазик дава предност при подоцнежното учење на тој јазик, дури и со децении откако е заборавен.
„Ова ни зборува дека темелите на јазикот се поставуваат уште во првите месеци од животот, и дека тие трајно остануваат и можат да бидат од полза при подоцнежното учење на истиот јазик“, изјавил Чои за Би-Би-Си.
На триесетгодишни Холанѓани кои бил посвоени од Јужна Кореја научниците им задале за задача да изговараат самогласници од кореанскиот јазик, после краток курс. Овие самогласки се разликуваат од оние во холандскиот јазик.
Потоа резултатите се споредени со оние од контролната група, која ја сочинувале возрасни кои не биле изложени на кореанскиот јазик во раното детство. Произлегло дека апстрактното знаење кое посвоените деца го понеле со себе од земјата во која биле родени, иако на свесно ниво заборавено, овозможува многу полесно да го научат јазикот чии основи ги впиле некогаш одамна.
Процесот на учење на јазикот почнува дури и додека е бебето во матката, сметаат научниците, затоа што тие веднаш по раѓањето силно реагираат на мајчиниот глас.