Научете го вашето дете да размислува правилно за парите

Парите ги расипуваат луѓето, но да се живее без пари во денешниот свет е невозможно. Ако имате деца, многу е важно уште од мали нозе да им всадите правилен начин на размислување за парите и финансиите воопшто.

0
288

Од сите страни константно не бомбардираат за работите кои ни требаат, иако всушност немаме потреба за нив. И возрасните често паѓаат во замка и купуваат и она што не им е потребно, па размислете како им е тогаш не децата кои се уште не ги разбираат работите.

Ваша задача како родител е да го научите своето дете за материјализмот, за раководењето со парите и за тоа како да ја најдат среќата без прекумерно трошење.

Прочитајте неколку одлични совети во продолжение…

Раководење со парите

Планирањето на финансиите и раководењето со парите станува се покомплицирани како што старееме, но правилото е едноставно: не трошете повеќе отколку што заработувате. Обидете се да му го објасните ова на своето дете, научете го нешто и за краткорочното и долгорочното штедење. Објаснете им го на вашите деца тоа на следниот начин: ако денеска троши пари на колачи, тогаш во иднина ќе му биде многу потешко да дојде до новата видео игра што веќе долго ја посакува. Во светот полн со инстант задоволства, децата треба вистински да го сфатат концептот на штедењето за иднината. Научете ги нешто и за штедењето за црни денови, односно, за вонредни ситуации. Вашето дете треба да сфати дека парите се нужно зло.

Разлики помеѓу желбите и потребите

Објаснете им на децата дека парите не служат само за да купиме со нив тоа што го сакаме и дека повеќето од парите ги трошите на животни трошоци, за да им обезбедите покрив над глава, храна и облека. Дајте му на знаење на детето дека со заработените пари прво треба да се подмират сите трошоци кои се неизбежни, а само остатокот може да се троши на исполнување на разни желби.

Објаснете им го смисолот на маркетингот
Не заборавајте да му го објансите значењето на рекламите и огласите со кои секој ден не бомбардираат од сите страни, како и генералната цел на маркетингот, односно, да ги увери купувачите дека некој производ кој се рекламира им е апсолутно потребен, дури и ако тоа значи жртвување на реалните животни потреби.

За парите треба да се работи
Треба да сфатат дека парите не растат на дрво, туку за нив морате напорно да работите. Повеќето деца тоа не го разбираат затоа што всушност и никогаш не ве виделе додека сте на работа. Често мислат дека изворот на парите е бесконечен. Всадете им во глава дека за да се заработат парите потребно е да се вложи труд и наместо да им давате џепарлак, дајте им можност да си го заработат такашто ќе ви помагаат во домашните обврски.

Треба да знаете да кажете „не“

Децата се упорни кога сакаат да добијат нешто. Затоа мора да бидете цврст карактер и да знаетре да кажете „не“, без оглед на солзите и молбите. Ќе се лути извесно време, но ќе ја научи лекцијата. Не попуштајте!

Бидете веродостојни

Најдобар начин да го научите своето дете е и смаите да ги практикувате советите затоа што најдобро ќе научат од васшиот пример. Ако детето ве види дека постојано купувате некои нови и непотребни работи, тоа секако ќе влијае врз нив. Секако дека заслужуваме понекогаш да си се почестиме со нешто, но треба да ги знаеме границите и да не претеруваме. Научете да ги купува смао работите што навистина му требаат и кои ќе му бидат корисни извесно време. Со тоа ќе бидат помали шансите да паднат во замката на материјализмот кога еднаш ќе станат зрели и возрасни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]