Кога децата ќе дојдат во искушение да грабнат од снегот со кој си играат и да го пикнат во уста, тие не размислуваат за количината на мокрача, валканици и бактерии кои се кријат под белата прекривка, па затоа е важно наместо класичното предупредување дека тоа не смее да се јаде, подобро е детално да им објансите што се ставаат во уста кога го лижат и џвакаат снегот.
Валканиот снег е извор на зарази
Детството без лижење снег не е детство па немојте на детето да му го ускратувате фаќањето на снегулките со јазик. Иако заради загадувањето на воздухот и во нив може да се најдат штетни компоненти, неколку голтнати снегулки нема да му наштетат, а детето ќе и се радува на играта.
Она на што треба да го предупредите е собирањето на снегот од улица и лижење и голтање на валканата содржина. Детето нема премногу да реагира на зборот валкано бидејќи веројатно често го предупредувате дека е нешто валкано.
Подобро обрнете му внимание на сите автомобили кои се паркирани на улицата и на оние кои поминуваат преку снегот со кој детето си игра. Кажете му колку само мачки и кучиња поминале и и оставиле во снегот траги од мала и голема нужда во тој ист снег, како и колку смог и ѓубре како мастики за џвакање и отпушоци се зкаопани под него.
Ако ниту тогаш не му е јасно со што си игра, потсетете го на непријатните моменти кога имало пролив, температура или кога повраќало. Заради валканите состојки во снегот што сака да го изеде, детето би можело повторно да се разболи.
И чистиот снег може да биде опасен
Секако дека е ситуацијата поинаква ако детето го зема снегот од своето палто, или од капата и го лиже. Во мали количини. Овој „оброк“ нема да му пречи. Иако се чини дека снегот во недопрените делови од скијалиштата, селата и градот се безбедни, сепак постои опасност поради неговата температура. Имено, децата знаат да ожеднат кога си играат на снег или кога скијаат, па среде игра да грабнат од снегот и да го стопат во уста за да ја стивнат жедта. Поголеми количини ладен снег нагло може да ја намалат температурата на телото и детето може опасно да настине. Освен тоа, многу ладната вода ја надразнува слузницата во системот за варење па детето може да добие болни грчеви или пролив.
За да ги избегнете сите овие нус-појави од лижењето снег, предупредете го детето на време на сите непријатности кои се кријат под убавата бела прекривка.