Една холандска клиника во Утрехт почнала истрага откако се јавил сомнеж дека дошло до грешки во постапката на вештачко оплодување. Дваесет и шест холандски двојки кои се одлучиле на вештачко оплодување во угледна клиника можеби чекаат туѓо дете. Во клиниката тврдат дека е за се виновна грешката во процедурата.
Имено, спермите кои останале од порано, се помешале со новите сперми. Се верува дека еден од лабораториските техничари во периодот помеѓу април 2015 и ноември 2016 користел неприкладни пипети при вбризгувањето на сперма. Од 26 двојки кои се подвргнале на ваков третман, девет веќе добиле деца, а уште четири жени се бремени.