Доењето може да зачува милиони животи и пари

Водечкото медицинско списание Lancet објави серија информации за доењето со значајни нови докази за неговите здравствени и економски предности.

0
148

Lancet утврдил дека доењето може да спаси 820 илјади животи и да и заштеди 302 милијарди долари на глобалната економија. Lancet докажал дека доењето ги поставува темелите за најздрав почеток на животот за децата без оглед дали се богати или сиромашни, машки или женски.
Затоа сите, вклучувајќи ги владите, донаторите, агенциите за развој, истражувачката заедница, приватниот сектор и цивилното општество мора да се заложат за доењето.
Доењето не само што им помага на децата да преживеат во земјите со висока стапка на морталитет кај новороденчињата туку помага сите деца да напредуваат. Lancet тврди дека доењето е најсовршениот персонализиран лек со доживотни ефекти. Доењето е важен дел од раниот развој на детето и подготвување на детето за продуктивна иднина. Кај сите слоеви доењето е поврзано со зголемување на количникот на интелигенција за 3 IQ поени.

Кај мајките доењето го намалува ризикот од рак на дојки и рак на јајници. Lancet утврдил дека моменталната стапка на доење спртечува речиси 20 илјади смртни случаи како последица од рак на дојка годишно, а уште 20 илјади смртни случаи можат да бидат спречени со подобрување на праксата на доење. И згора на се, доењето има опиплива економска вредност.
Lancet утврдил дека заштедите во трошоците на здравствената заштита, поврзани со зголемување на стапката на доењето, се огромни – со намалени трошоци на здравствената заштита на годишно ниво би се заштедиле вкупно 312 милиони долари во САД, 48 милиони долари во Велика Британија и 30 милиони долари во Кина. Трошоците пак од недоењето се подеднакво големи. Lancet утврдил дека губитоците поврзани со недоењето, кои влијаат на потенцијалот на заработката, изнесуваат и до 302 милијарди долари годишно. Земјите со ниски и средни приходи губат повеќе од 70 милијарди долари годишно додека земјите со високи извори на приходи губат повеќе од 230 милијарди долари на годишно ниво заради ниската стапка на доење. Доењето е моќен начин на грижа за бебето и за економијата, но жените мораат да имаат поддршка за да успеат во ова. Имено, жените шируим светот се соочуваат со многу препреки во доењето. На пример, можат да добојат неточни информации од медицинските работници, можат да се соочат со агресивно рекламирање и продажба на замена за мајчиното млеко или пак мораат да се вратат на работа брзо по породувањето. Овие бариери го прават отпочнувањето на доењето исклучително тешко, како и прородлжувањето на доењето после првите шест месеци до две годиони и подолго, што е препорака на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Стапката на доење во светот стагнира во изминатите две децении и се дојат помалку од 40% деца под шест месеци старост. Потребна е политичлка посветеност и вложување во доењето од страна на владата, донаторите, работодавците и цивилното општетство за да се обезбеди здравјето на жените и децата. УНИЦЕФ и СЗО во партнерство со речиси 20 организации го предводат нападот со цел активирање на светската акција за собирање на политички и финансиски инвестиции за поддршка на доењето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]