Единците посреќни од оние со браќа и сестри?

Имате брат или сестра? Тогаш не сте среќни како што е тоа вашиот пријател кој е единствено дете на своите родители. Така тврди новото истражување кое дава и објаснување зошто е тоа така

0
264

Соперништвото помеѓу браќата може да има сериозни последици врз емоционалното здравје на детето. Затоа единците се најсреќни. Тие не треба да се натпреваруваат за родителското внимание со никого. Така тврди новото истражување спроведено од Институтот за социјални и економски истражувања во Велика Британија.
Повеќе од половината од испитаниците тврдат дека биле злоставувани од страна на братот или сестрата, а секој трет добивал ќотек. Другите се жалеле на навредливи прекари какви што можат да смислат само браќата и сестрите и на крадење на предметите.
Заклучокот од ова истражување е дека чувството на среќа во животот опаѓа како што расте бројот на браќа и сестри во куќата.
Други причини поради кои единците се наводно посреќни е непостоењето на потребата да се натпреваруваат за вниманието на родителите и поседувањето на своја соба, односно, на интимност и приватност.
Детскиот психолог др. Рут Копард изјавила дека колку што има повеќе деца во еден просечен дом, толку е помала приватноста за секое дете. Некои сакаат да ја делат собата со браќата, но повеќе би сакале да можат да бираат дали ќе ја делат собата отколку да се принудени на ова затоа што немаат друг избор.
Во испитувањето учествувале 2.500 млади, а помеѓу останатото било откриено дека 7 од 10 тинејџери се „многу задоволни“ од својот живот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]