Празноверија за бременоста ширум светот

За време на бременоста жените во Турција не смеат да гледаат мајмуни и мечки, во Кина не смеат да користат лепак и да коваат клинци, на Бали не смеат да јадат октопод...

0
484

Празноверија што се однесуваат на бременоста постојат ширум светот веројатно откако луѓето почнале да комуницираат. Тие биле или се се уште распространети во разни земји. Некои ќе ви бидат можеби познати затоа што можаат да се слушнат и кај нас. Секако, сите „совети“ се од забавен карактер па не ги сфаќајте сериозно

Во Турција на жените им се вели дека не смеат да гледаат мечки, мајмуни или камили додека се бремени…Значи, никако одење во зоолошка градина.
Во Кина се верува дека користењето на лепак предизвикува компликации на породувањето, а ковањето клинци – деформации на фетусот.
Ортодоксните Еврејки често не подготвуваат за детето ништо пред породувањето (соба, предмети и слично) и не го откриваат името на детето пред да џсе роди затоа што стравуваат дека би можеле да ја предизвикаат смртта на детето.
Во шпанската култура добар дел од жените веруваат дека незадоволената желба на трудниците предизвикува белези на кожата на детето. Значи, ако на бремената жена и се јадел сладолед, а ако желбата не и е исполнета, бебето на телото ќе има белег во облик на сладолед.
На Јамајка се верува дека во просторијата во која трудницата ќе се пораѓа треба да стои отворена Библија.
На Бали трудниците избегнуваат да јадат октопод затоа што веруваат дека заради тоа ќе има тешко породување.
Во Ирска некогаш на трудниците им се советувало да не одат на гробишта затоа што детето ќе им биде гладно и слабо.
Во Русија некогаш се верувало дека породувањето ќе биде лесно ако бремената жемна и таткото на детето ги откријат имињата на сите поранешни љубовници.
Во Португалија се верувало дека милениците како што се куче или мачка би требало да бидат подалеку од трудницата за детето да нема премногу влакна.
Во Монголија се вели дека две трудници не смеат да се допрат затоа што со ова би можеле да го сменат полот на детето.
На Малта постои верување дека трудниците на кои на денот на венчавката им врнел дожд ќе имаат лесно породување.

[better-ads type='banner' banner='999' ]