Првиот производ во светот наменет за сите оние мајки чии деца цицаат, а константно плачат, кои се загрижени за тоа дали имаат доволно млеко и дали нивното дете воопшто цица е производот и апликација наречени „Momsense“.
Со овој производ се снима звукот и количината на голтки кои ги прави детето за време на цицањето, а се со помош на сензор кој се наоѓа на образот на детето. Со тоа доаѓаат и слушалки поврзани со тој сензор кои ги користи мајката и на тој начин слуша дали детето навистина голта и цица или само се одмара на дојката. Целото апаратче е споено преку мобилниот телефон со апликација која го бележи бројот на голтки и така ја мери и количината на млеко што бебето ја испило.
Апаратот е замислен како вистински начин за отстранување на сите дилеми околу количината на исцицано млеко. Производот и апликацијата го поттикнуваат природниот начин на хранење на новороденчињата.
Мајките кои го испробале овој производ, а засега станува збор за мајки од Австралија кадешто е производот и пласиран на пазарот, биле пресреќни и посмирени затоа што знаат колку нивното бебе јаде и ги елиминираат сомнежите заради неуморното плачење на бебето до кое доаѓа од некоја друга причина а не поради глад, па така не посегаат по адаптирани млечни формули.