А што ни фали нам?

Многумина на аргументите на лекарите и стручњаците кои не одобруваат употреба на дубак и слични помагала за проодување на децата, велат: Што ни фали нам и нас не ставале во дубаци па не ни е ништо! А дали сте сигурни дека не ви фали ништо?

0
496

Мозокот е совршен орган кој ги „памти“ успешно совладаните движења претврорајќи ги во автоматизми после повеќекратно повторување, но тој не е во можност да ги разликува добрите и лошите шеми на движења. Затоа, сметаат стручњаците, е многу важно да му дадете на детето шанса до максимум да ги развие своите природни потенцијали.

Во дубак детето се учи на погрешни шеми затоа што му се ремети природниот ритам на моторниот развој.

Не го збунувајте детето!

Многумина на аргументите на лекарите и стручњаците кои не одобруваат употреба на дубак и слични помагала за проодување на децата, велат: Што ни фали нам и нас не ставале во дубаци па не ни е ништо! А дали сте сигурни дека баш ништо не ви фали?

Деформитетите и пореметувањата на здравјето поради лошо усвоените шеми на моторниот развој со примената на дубак или со прерано поставување на детето на нозе, најмногу се гледаат во подоцнежната животна доба иако многу од нив се забележливи уште на самиот почеток. Како последица од преоптоварувањето на нозете кои се уште не се доволно „зрели“, може да предизвика деформација на колковите, на рбетниот столб и на нозете (сколиоза, кифоза, рамни стапала…).

Стапалата на бебињата не се доволно развиени при раѓањето. Меката рскавица која на почетокот се наоѓа наместо коските на стапалата, може да се оштети и да се искриви доколку бебето премногу рано се поставува на нозе или се форсира да прооди, па заради недоволната цврстина, доаѓа до споменатите деформитети.

На пример, ако бебе од шест месеци ставите во дубак тоа ќе се потпира на врвовите од прстите со исправени и вкочанети колена. Тоа не е нормална моторна шема на развој затоа што детето треба да ги исправува колената дури со 7 месеци живот.

Ниту еден педијатар, ортопед или физијатар нема да ви препорачи ниту да ви одобри користење на дубак или било кое помошно средство за проодување!

Значи, зошто е дубакот погрешен избор?

Го спречува и оневозможува правилниот психо-моторен развој на децата.

Децата кои биле ставани во дубак немаат развиени потпорни реакции и не ја совладале рамнотежата, па при паѓање паѓаат директно на глава.

Не научиле да балансираат со сопственото тело

Имаат потешкотии при станувањето затоа што не ја научиле самостојно оваа задача

Запнуваат на препреките и повторно паѓаат на глава затоа што ја прескокнале фазата на ползење и не умеат да се дочекаат на раце.

Доведува до деформитет на стапалата, колената и рбетниот столб.

Развиваат погрешен образец на одење – на прсти

Може да предизвика тешки повреди

Прераното поставување на детето во исправена положба е бескорисно, а може да биде и опасно.

Со користењето на оваа справа, го спречуваме детето да ги стекне неопходните искуства низ кои треба да помине во процесот на проодување. И за крај…Погледнете ја радоста на лицето на детето кое првпат со доста маки самостојно се исправило. Токму тоа е она што треба да им го дозволиме на сите бебиња, полека, чекор по чекор, да ги совладуваат сите препреки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]