Како се лекува страбизмот?

Неразвиениот слаб вид кај децата е честа појава, но ако пореметувањето на видот се утврди благовремени, лекувањето е успешно и се разбира, има далекусежно значење за целиот живот. Едно од тие пореметувања е и страбизмот, а можно е да се лекува уште во првата година од животот. Прв и најважен чекор е одењето на лекар.

0
403

Со оглед на тоа што неразвиениот и слаб вид кај децата е честа појава, би било добро да се прави систематски преглед на видот кај децата помеѓу третата и четвртата година, а не дури пред одење во училиште како што најчесто се прави. Имено, ако слабовидноста се утврди околу седмата година, предоцна е за успешно лекување, односно, резултатите од лекувањето се неспоредливо полоши.

  1. Страбизмот не може да се лекува без носење на очила. Тие овозможуваат јасна слика и го поттикнуваат развојот на видот а го намалуваат и аголот на искривување на погледот.
  2. Во некои случаи се применува и лекување со оклузија (затворање на окото).
  3. Лекувањето трае со години и не е едноставно. Лекувањето мора да го следи развојот на видот, мора да биде континуирано и секојдневно и бара голем ангажман од родителите.
  4. Доколку постои отклон не е доволно само т.н.конзервативно лекување, туку мора да се направи и операција. Таа ќе ја подобри положбата на очите и естетскиот изглед и да создаде подобри услови за развој на видот. Најчесто се изведува во периодот помеѓу третата и четвртата година, секако пред да тргне детето во училиште.
[better-ads type='banner' banner='999' ]