„Ѝ го дадов на мојата ќерка мобилниот телефон да си игра додека да се истуширам. Ја вклучив играта за деца од предучилишна возраст која таа често ја игра“, изјавила тиктокерката @ bri.anna89 за социјалната мрежа за срамниот инцидент.
„Следно што знам е дека таа ми тропна на врата барајќи од мене да ѝ помогнам да поправи нешто. Секако, ѝ реков да влезе. Ми го подаде мобилниот додека бев под туш. Брзо сфатив дека мојот телефон емитува во живо на Инстаграм. Во мојата рака. Додека сум под туш“, вели таа.
Објавата на Бриана собрала повеќе од 28,5 илјади лајкови и над 700 коментари.
„Честитки! Победивте. Не сум сигурна дека кој било родител може да те надмине“, пишува едно лице во коментарите, додека друго се прашува колку луѓе го гледале преносот во живо.
„Немам поим! Веднаш го избришав видеото за да не гледам ништо“, одговорила засрамената мајка.
Фото: ТикТок