И синот на Супермен стана бисексуалец

Во најновиот серијал на Супермен, го следиме синот на оригиналниот херој кој е бисексуалец

0
176

Во најновото издание на стрипот Супермен се вљубува во маж. Имено, популарниот суперхерој ќе биде прикажан во истополова врска. Сепак, станува збор за новиот Супермен Џон Кент, син на оригиналниот херој Кларк Кент, кој ја презеде улогата на Супермен од својот татко во новата серија стрипови Супермен: син на Кал-ел, чиј прв број беше објавен во јули.

DC Comics ја објави најавата за новиот број на „Националниот ден на излегување“ на САД, кој се слави секоја година за да се подигне свеста за ЛГБТ заедницата. Во истата серија стрипови, Џон Кент, како Супермен, се бореше со пожарите предизвикани од климатските промени, спречи пукање во средно училиште и протестираше против протерувањето мигранти, пренесува Би -Би -Си.

„Како и неговиот татко, Џон Кент се вљуби во новинар“, најави издавачот. Велат дека парот ќе влезе во романтична врска со новинарот Џеј Накамура во претстојното петто издание, кое ќе излезе во ноември, но не дадоа детали за заплетот.

Реакцијата е главно позитивна

Писателот Том Тејлор за Би-Би-Си вели дека размислувал за тоа што би требало да претставува Супермен во сегашно време, откако му била понудена работа како главен писател на серијалот. „Мислев дека ќе биде пропуштена можност да се замени Кларк Кент со друг хетеросексуален бел спасител“, рекол Тејлор, додавајќи дека е изненаден што издавачот веќе размисувал за Супермен како за бисексуалец уште пред да им го предложи тоа.

Тој посочил дека има промени во последните пет до десет години, бидејќи тогаш би било потешко да се оди во оваа насока. Тејлор истакнал дека реакцијата на оваа приказна била претежно позитивна, иако имало негативни реакции на социјалните мрежи.
„Некои луѓе ни рекоа дека плачат кога ја читаат оваа вест и ни велат дека никогаш не замислувале дека би можеле да се видат себеси во Супермен, најмоќниот суперхерој во стриповите“, вели тој.

Издавачот е горд на приказната

Тејлор истакнал дека секогаш ќе има луѓе кои ќе речат дека не е добро политиката да се вовлекува во стриповите.

„Тие забораваат дека секој стрип на некој начин имал политичка порака. Ќе се обидеме да ги привлечеме овие луѓе, но пишуваме за луѓе кои се надеваме дека ќе го видат овој Супермен и ќе речат „овој Супермен е како мене и се бори за работи што ме загрижуваат“, вели Тејлор.

На официјалната веб -страница на DC Comics, издавачот и извршниот директор Џим Ли рече дека не можат да бидат погорди затоа што ја објавуваат оваа „важна приказна“.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]