Малечките Џејдон и Ениас МекДоналд биле споени со врвовите на главите се додека не биле успешно раздвоени после 27-часовна екстремно ризична операција.
Малите момчиња се опоравуваат со неверојатна брзина после операцијата направена во болницата Монтефиоре во Њујорк.
Тринаесетмесечните момчиња се родени со царски рез и е вистинско чудо како успеале да преживеат цела година со оглед на тоа што 40% од ваквите близнаци се мртвородени, а останатата една третина умираат во рок од 24 часа по раѓањето. Постои и 80% ризик дека починуваат пред да наполнат две години доколку не се раздвојат. Бебето Џејдон имало неверојатно опоравување, додека Ениас се соочил со повеќе тешкотии, вируси и инфекции, но хирурзите веруваат дека и неговото опоравување ќе биде успешно.
Операцијата чинела 2.5 милиони американски долари и неговите родители Никол и Кристијан успеале да ги соберат со помош на донации.
Нивната мајка Никол им се заблагодарила на сите луѓе кои им помогнале со трогателна порака во која, меѓудругото, вели: Ви благодарам. Сега кога е се готово и момчињата можат да се видат очи во очи за првпат, тоа ви го должат на сите вас“.
Бебињата имаат уште едно братче кое има две години.