Зошто e скокaњето корисно за децата?

Скокањето не е само забавно, туку има и повеќе придобивки за психомоторниот развој на детето. Најдобриот дел е тоа што станува збор за едноставна и лесно остварлива активност за која не се потребни реквизити.

0
118

Децата можат да скокаат во кое било време од денот и каде било. Скокањето е од голема важност за развојот на кондицијата, тоа не е само вежба, туку и забава во текот на денот.

Студиите одново и одново ја покажуваат поврзаноста помеѓу скокањето и кондицијата. Откако НАСА ги открила своите тајни во текот на 70-тите години, можеме да кажеме дека скокањето има стекнато славен статус меѓу лесните и едноставни вежби.

Некои од причините зошто треба да му дозволите на вашето дете да скока:

Извонредно е за деца кои сакаат спортски активности,
Децата добиваат шанса да вежбаат без да се свесни за тоа,
Децата учат да го контролираат движењето на нивното тело (развој на моторна контрола),
Со помош на скокањето, се стимулира развојот на сензорни системи (вестибуларен и проприцептивен систем).

Кое е значењето на скокањето?

Скокањето е вештина што се учи, не очекуваме шестмесечно бебе да скокне (и не смее да го прави тоа), но децата меѓу 2 и 8 години би требало да се пуштат и да се охрабрат да учествуваат во таа активност и уште позабавно е кога го правите тоа заедно.

Предности на скокањето:

Скокањето е добро за срцето.
скокањето е кардиоваскуларна вежба и му дава на срцето здрав и природен тренинг.
Ги зајакнува мускулите.
Кога децата скокаат, тоа ги вклучува скоро сите главни мускули на телото, со што се зајакнуваат големите мускули во телото.
Ја подобрува координацијата.
Скокањето им помага на децата подобро да го разберат своето тело и каде се наоѓа тоа во просторот. Двете страни на мозокот и телото работат заедно за да одржат рамнотежата и координацијата.
Влијае на телесната тежина.
Главен здравствен проблем на децата денес е дебелината, што е во голема мера поврзано со недостаток на вежбање. Скокањето е одлично за решавање проблеми со телесната тежина.
Го зајакнува лимфниот систем.
Децата можат да скокаат за да го стимулираат лимфниот систем – на овој начин се балансира количината на токсини во телото.
Го подобрува вниманието и позитивно влијае на учењето.
Скокањето е забавно. Децата се среќни во таа активност, а со позитивни чувства полесно се учи. Ако ја комбинираме активноста на скокање со играта на учење броеви, бои, форми (итн.), ќе добиеме подобри резултати, бидејќи детето не чувствува притисок, туку ја практикува активноста што ја сака.

Предлог за игра: Исечете различни форми од обоена хартија, прицврстете ги на подот и дајте му на детето наредба да скокне во одредена форма. За почеток, ова можат да бидат кругови со различна големина по кои детето треба да скока. Ќе откриете дека учењето е полесно отколку кога детето седи и слуша пасивно.

Кога станува збор за скокање, важно е секогаш да внимавате на безбедноста и малите деца да бидат под надзор на возрасно лице со цел да се избегнат повредите.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]