Кога вашето дете ви станува странец

Синдромот на отуѓување на детето се јавува кога родителот на кого му е доделено детето по разводот, кој според статистичките податоци, во повеќе од 90 проценти од случаите е мајката, започнува да ги „труе“ односите на детето со таткото.

0
254

Современите бракови се под голем притисок. Некогаш, кога браковите биле потреба, многу повеќе емотивни и други нишки ги поврзувале партнерите. Денес тоа е главно љубов, но и минлива вљубеност. Заради тоа, од пет склопени бракови, два ќе се распаднат во некој момент. Кога е во прашање разводот на партнерите што немаат деца, работите се релативно полесни. Меѓутоа, кога има развод на брак во кој има дете или деца, тогаш работите стануваат многу комплицирани. Со разводот се констатира дека тој и таа повеќе не се маж и жена, но остануваат во улогите на татко и мајка, најчесто долга низа на години.

Развод – стрес за сите

Разводите се секогаш непријатни и многу стресни, не само за поранешните сопружници, туку и за нивните блиски луѓе. Но, најстресни се за децата. Тие не сакаат да ги изгубат ниту мајката ниту таткото, не сакаат да одбираат меѓу двата родители. За нив, најдобро е да ги добиваат љубовта и вниманието од двајцата родители без разлика на тоа кој од нив е одреден за старател. Во тоа е и „најдобриот интерес за детето“ – по разводот да има и мајка и татко. До синдромот на алиенација (отуѓување) доаѓа кога родителот на кој по разводот му е доделено детето, а тоа според статистика, во 90 отсто од случаите е мајката, почнува да го „труе“ односот на детето со другиот родител. На детето отворено или прикриено му се порачува дека мора да ја избере мајката или таткото, односно задолжително мајката, бидејќи таткото е толку грозна личност.

Пораките во кои мајката се прикажува како жртва на таткото се повторуваат со месеци и години, со што на детето му се наметнува чувство на вина. Тоа почнува да мисли дека ако чувствува и покажува љубов кон таткото, ја издало мајка си. Ова влијание врз детето е особено моќно ако го вршат и други членови од семејството на мајката. Типично е мајката под разни изговори истрајно да го саботира гледањето на детето со таткото во термините што ги одредил судот.

Во особено комплицираните разводи мајката оди дотаму што лажно го обвинува таткото дека е насилник на кој не може да му се довери детето, или уште полошо, изразува сомнеж дека таткото сексуално го злоупотребува детето. Во такви случаи се вклучува центарот за социјална работа, во кој социјалните работници не така ретко го прифаќаат мајчиното гледање на ситуацијата и во страв да не згрешат на штета на детето, донесуваат одлука која е на штета на таткото. Сето тоа на крај доведува до една заплеткана мрежа на правни манипулации чија главна цел е да се спречат контактите и обновувањето на емотивната врска помеѓу таткото и детето.

Кој повеќе страда кога ќе му се одземе детето: мајката или таткото? Ако сте помислиле на мајката, тогаш сте жртва на културолошки стереотип. Точно е дека еднакво страдаат. Таткото, од кого е детето отуѓено, не само што страда заради тоа што не го гледа детето, и заради тоа што и кога го гледа тоа е резервирано кон него, туку и заради неправдата што му е нанесена. Страда и заради незаинтересираноста и бавноста на социјалната служба и другите органи кои би требало поажурно да ги штитат татковците, а со самото тоа и правата на детето.

Иако статистички гледано татковците се жртви на отуѓување од нивните деца, постојат и спротивни примери кога таткото го отуѓува детето од мајката. Во практика сум имал неколку примери во кои таткото со емотивни и други манипулации успешно ги отуѓил децата чиј старател, со судска одлука, била мајката. Во повеќето такви случаи таткото се служи со парите со кои ги задоволува и всушност ги корумпира децата, со повеќе или помалку суптилна дисквалификација на мајката како личност. Како загубата на емотивната врска со родителот влијае врз отуѓеното дете? Американските статистики укажуваат дека тие деца подоцна се значително оштетени. Во односот на другите деца, тие се под поголем ризик дека ќе го напуштат образованието, ќе станат деликвенти, ќе се обидат да извршат самоубиство. А тоа е нешто во кое родителите на 4-годишно дете и не размислуваат. Но, професионалците го знаат тоа што ги обврзува на синдромот на алиенација да пристапуваат со повеќе внимание и што поажурно.

Вид на злоупотреба

Денес се смета дека отуѓувањето на детето од другиот родител е облик на злоупотреба на детето. Затоа во некои држави кога се утврдува дека едниот родител отуѓува, старателството му се доделува на другиот родител. За сите што сакаат да се разведат, најдобро е со сопружникот да одат на брачно советување за да се поработи на чувствата од односот маж-жена, за да не се прелијат во односот татко-мајка-дете. Многу експерти се залагаат за автоматско споделено старателство бидејќи тоа, долгорочно гледано, ги спречува војните околу децата и ги тера и двајцата родители да научат да соработуваат како татко и мајка.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]