Рак кој нема симптоми, а на него делува и сексот и моментот кога првпат сте имале однос…

Со години научниците ги мачи контроверзата како сексот влијае на ризикот од заболување од карцином на простата. Големата анализа објавена во 2018.година во списанието The Journal of Sexual Medicine можеби ги дала одговорите на сите дилеми.

0
1219

Мовембер е многу повеќе од пуштање мустаќи. Тоа е активистичко движење со цел освестување за здравствените проблеми на мажите, како депресија, рак на тестиси, рак на простата и бројни други болести.

Ракот на простата е најчест рак на мажите во западна Европа и северна Америка, а кај нас е на трето место, по карциномот на бели дробови и по карциномот на дебело црево.

Ракот на простата најчесто нема симптоми. Тој се развива со текот на годините. Кога се симптомите постојани, тогаш е најчесто веќе доцна, затоа што ракот е веќе метастазиран. Помеѓу 20 и 60 отсто од сите дијагнстицирани карцином на простата се откриваат во фаза на метастази.

Во тој случај симптомите се:

Притисок на меурот

Болка и печење при мокрењето

Зачестено, испрекинато, отежнато мокрење проследено со крв во урината

Болки во коските

Непожелни навики кога станува збор за здравјето на простатата се:

Внесување на голем процент на масти од животинско потекло

Внесување на црвено месо во комбинација со мало консумирање на риба, овошје и зеленчук

неумерено уживање во алкохол

висок внес на едноставни и рафинирани шеќери

Многу е важно одржувањето на нормална телесна маса. Имено, студиите покажале дека дебелите мажи кои имаат БМИ (индекс на телесна маса) поголем од 32 почесто заболуваат од овој облик на карцинм и развиваат поагресивен облик на карцином при што стапката на смртност е повисока дури за 35 отсто во однос на поединци со нормана телесна маса.

Кои животни навики можат да помогнат во превенција од заболувањето?

Редовна контрола: зада се открие што порано, потребно е еднаш годишно да се оди на прегледи и да се одреди колку изнесува Прстата специфичниот антиген (PSA) во крвта. Станува збор за гликопротеин кои го создаваат клетките на простатата и го излачуваат во крвта и семенета течност. Највисока концентрација на PSA се наоѓа токму во семената течност кадешто ја исполнува својата биолошка улога на одржување на подвижноста на сперматозоидите и подготвени за оплодување во периодот помеѓу ејакулацијата и контактот со јајце клетката.

Старосната граница за прво контролирање на PSA, која некогаш била 50 години е помрдната на 40 години! Доколку редовно се контролира ова и се открие карцином воран стадиум од болеста, процентот на излекување изнесува дури 98 %!

Сексуалните односи и простатата: Со години научниците ги измачува контроверзата како сексот влијае на заболувањето од карцином на простата. Односно, дали може зачестените сексуални односи да делуваат превентивно кај карциномот на простата и како промискуитетот делува на ризикот од заболување од карцином на простата, како и дали им и каква улога има возраста кога се имало првото сексуално искуство на зголемениот ризик?

Анализата објавена во 2018.годин во списанието The Journal of Sexual Medicine можеби дала одговори на сите дилеми. Во истражувањето во кое биле вклучени 55.490 учесници од девет земји (повеќето студии доаѓаат од Северна Америка, но биле застапени и Европа, Австралија, Азија, Карибите и Куба) откриле дека мажите со помал број на сексуални партнери, кои ја изгубиле невиноста кога биле позрели и кои имаат зачестени ејакулации (2 до 4 пати неделн) имаат помал ризик од заболување од карцином на простата.

Географијата и културата исто така можат да влијаат на ризикот од рак на простата. Авторите објасниле дека стапката на рак на простата е пониска во западна и јужна Азија (на пример, во Индија и во Иран, отколку во САС. Поради религиозните традиции, мажите во тие култури влегуваат во сексуални односи постари имаат помалку сексуални партнери од своите северноамерикански колеги.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]